MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАТА ПОРАЗИ НА МЗТ ВО АБА
 
ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАТА ПОРАЗИ НА МЗТ ВО АБА
12.02.2018, 10:10:07
 
 
 

Македонскиот првак МЗТ Скопје доживеа уште еден убедлив пораз во АБА лигата, овојпат на гостувањето кај Будуќност кој го доби натпреварот со 104:62.

.

Слабата форма на МЗТ јасно навестуваше дека фаворитот Будуќност нема да има проблеми да стигне до бодовите, а на тимот од Подгорица му одеше и шутот за три поени, па со 19 уфрлени тројки го откажа нашиот претставник.

Будуќност го зголемуваше водството од период во период и на крајот стигна до конечни 104:62 и останува во борба за врвот во регионалната лига.

Николиќ со 21 поен беше најефикасен кај победникот, додека во редовите на МЗТ Лалиќ постигна 17, а Спасојевиќ 14 поени.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News