MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ТРАМП ЛАЖЕЛ ДЕКА ДОБИЛ ПОПУСТ ЗА ВЕРЕНИЧКИОТ ПРСТЕН НА МЕЛАНИЈА
 
ТРАМП ЛАЖЕЛ ДЕКА ДОБИЛ ПОПУСТ ЗА ВЕРЕНИЧКИОТ ПРСТЕН НА МЕЛАНИЈА
12.02.2018, 07:00:00
 
 
 

Американскиот претседател Доналд Трамп лажел кога се фалел дека за десеткаратниот дијамантски прстен кој во 2005 година и го подарил на Меланија по повод свршувачката добил ни малку ни повеќе – попуст од еден милион долари.

.

 

Тоа го открил Лоренс Граф, претседателот на фирмата „Граф дијаманти“, каде сегашниот шеф на Америка го купил ексклузивниот подарок за атрактивната Словенка.

– Претседателот Трамп немаше никакви повластици при купувањето на дијамантскиот прстен. Сеедно, беше пријатно да се соработува со него – потврдил „Граф“ за „Њујорк тајмс“.

Трамп имплицитно се фалел во 2005 година на „Тајмс магазин“ дека прстенот го платил милион долари помалку отколку што навистина чини.

– Само будала би го рекла ова: Благодарам, јас сакам да платам милион долари повеќе за дијамант – објаснил тој во интервјуто во 2005 година.

Иако „Граф“ признал дека со приказната за попустот за дијамантскиот прстен добил голема реклама, тој не сакал да ја соопшто реалната цена на тоа парче накит.

Сепак, проценителите велат дека вредноста на дијамантот е околу 1,5 милиони долари. Инаку, соработката помеѓу Трамп и „Граф“ е продoлжена и во 2015 година, кога Трамп на Меланија по повод 10-годишнината од бракот и подарил 25-каратен прстен чија вредност се проценува на вртоглави три милиони долари.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News