MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » МАКЕДОНКА ОСВОИ ПРЕСТИЖНА БРИТАНСКА НАГРАДА ЗА БЛОГЕРСТВО
 
МАКЕДОНКА ОСВОИ ПРЕСТИЖНА БРИТАНСКА НАГРАДА ЗА БЛОГЕРСТВО
12.02.2018, 08:00:00
 
 
 

Теона Манго е студентка по политички науки и дипломатија на Квин Мери универзитетот во Лондон. Освен што е одлична студентка, таа е и позната блогерка, која преку својот блог „Teona’s wanderlust“ на својствен креативен начин пишува за се ова што ги интересира младите , од мода до забава, но е и голем промотор на убавините на Македонија. Неодамна таа доби престижна награда за блогерство. ‘Excellence Award’ е награда од Британскиот магазин LUX, кој секоја година доделува награди на блогери од различни земји од светот интересни по начинот на кој пишувајќи на своите блогови имаат влијание врз публиката која ги чита, пишува порталот Иновативност.мк.

,,Чест! Така би го дефинирала чувството кое го имав кога ме известија за наградата, и сметам дека ова е чест за мене, но е дефинитивно награда за мојата земја, зошто моето име и мојот блог се поврзуваат токму со неа. Ова ми е втора награда откако го стартував блогот и значи како маркер на успешноста во секој поглед. Мојата желба за креативно пишување и приказ на мојот свет низ фотографии продолжува уште поинтензивно по оваа награда, зошто тоа е потврда дека она што мене ме инспирира и воодушевува во животот читателите го сакаат.,,-вели Теона.

 

.

Таа вели дека нејзин основен мотив е што навистина го сака се она за што пишува. ,,Размислував како времето кое го трошам на нет да го опредметам во нешто свое лично, како дневник, како бележник на своите интереси, а со доза на задоволство да го споделам со другите.  Одлучив дека мојот блог во тие 5-10 минути во кој оној што чита е со Вас, треба да добие некои инспирации и лични вибрации на убаво.,,-вели таа, и додава: ,,Сметам дека блогирањето има неверојатен потенцијал како една врста на нов медиум, на простор кој ги истиснува или намалува етаблираните, кои ретко имаат можност да се занимаваат со личните инетереси на цели генерации прикажани низ текст и фотографии, па и видеа на обични луѓе кои имаат талент да го прикажат она што нив ги интересира од тој микросвет во кој живеат. Општа е проценката дека блогерството кај влијателни блогери е нов начин на масовен медиумски дигитален конзумеризам и факт дека е веќе бизнис сектор во подем. Мојот старт на блогот не беше со идеја за заработка, но денес можам отворено да кажам дека мојот блог заработува пари. И колку неверојатно да звучи мојата блогерска кариера беше без план.  Блогот секогаш беше место каде што пишував и преку фотографии пренесував што ме интересира. Очигледно, моите напори се забележани.,,-објаснува Теона.

Таа посветува големо внимание и на своето образование. ,,За мене доаѓањето во Лондон за да студирам на Квин Мери Универзитетот претставуваше патување на животот. Дипломата на Факултетот за политички науки на QMUL ќе биде само круна на истомисленици кои високо целат. Се гледам себеси во неколку полиња и веројатно ова ќе биде период на самоевалуација. Во Лондон имам неколку отворени можности за интерншип во меѓународни организации кои работат на полето на дипломатијата и лобирањето, а во Македонија имав можност да стажирам во Министерството за одбрана во секторот кој е задолжен за влегување на РМ во НАТО.  Се се тоа искуства кои ќе ми помогнат да целам кон вмрежување значајно за мојата идна кариера. Но, до тогаш имам уште доста работа и докажување на овој компетитивен Универзитет со школа за дипломатија која е на врвот на глобалната листа на образовни институции од оваа област.,,-вели Теона.

За порталот Иновативност.мк таа сепак посочува дека не е доволно нешто само да се сака, туку е потребна и многу работа за да се успее. ,,Секој што ќе Ви рече, доволно е да сонувате, Ве лаже.Со огромни инјекции напор, со убедувањето дека ова што го правам сум јас и го правам за себе, со работа на себе и инвестирање во нови знаења за да бидете свој човек. Наголемо сме згазнале во втората деценија од новиот милениум. Животот на мојата генерација се случува во едно прилично виртулено време кое има свои сериозни предизвици. Затоа, да згазнеме добро на тлото од ново време и да си речеме себеси “Биди свој Човек”.,,-вели таа.

Прочитајте повеќе за инспирациите на Теона на нејзиниот блог:www.teona.mk

 
 
 
 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News