MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » ШАМПИОНОТ ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ
 
ШАМПИОНОТ ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ
11.02.2018, 18:28:22
 
 
 

„Воините" го добија дербито против Сан Антонио со 122-105, Стив Кер влезе во историјата на НБА и го надмина достигнувањето на легендарниот Фил Џексон.

Во натпреварот на вечерта во НБА, Голден Стејт лесно се справи со „Мамузите“. Сан Антонио, кој настапи без неколку играчи, го надигра шампионто само во првата четвртина но потоа не можеше да се справи со офанзивата на домаќините.

.

На „Воините“ им тргна шутот за три поени, па уште пред да заминат на пауза го свртеа резултатот во соја корист. Во продолжението од средбата предноста само се зголемуваше за конечни 122-105.

Клеј Томпсон беше прв играч во редовите на шампионот со 25 поени. Стеф Кари и Дрејмонд Гринд постигнаа по 17 поени.

Овој триумф значеше и историја за тренерот Стив Кер, кој најбрзо стигна до 250 победи, му беа потребни само 302 натпревари за ова достигнување. Претходниот рекорд му припаѓаше на легендарниот Фил Џексон, кој до 250 победи стигна на 346 натпревари.

Стив Кер исто така стана и тренерот кој најбрзо стигнал до 250 победи во четирите најголеми спортови во САД (НФЛ, НХЛ, НБА и Бејзбол).

НБА резултати:

Бруклин - Њу Орлеанс 128:138
Орландо - Милвоки 104:111
Филаделфија - ЛА Клиперс 112:98
Чикаго - Вашингтон 90:101
Далас - ЛА Лејкерс 130:123
Голден Стејт - Сан Антонио 122:105
Феникс - Денвер 113:123

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News