MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » СИТИ НЕМАШЕ СИЛИ ДА МУ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА АКТУЕЛНИОТ ЛИДЕР
 
СИТИ НЕМАШЕ СИЛИ ДА МУ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА АКТУЕЛНИОТ ЛИДЕР
10.02.2018, 17:39:08
 
 
 

Екипата на Мелбурн Сити немаше доволно сили да му се спротивстави на моментално водечкиот на табелата па пред своја публика загуби со 4-0, во натпревар од 20 коло во А лигата.

.

Бранителот на титулата поведе уште во 32 минута од натпреварот кога Бобо биеше прецизно од 11 метри и донесе предност за Сиднеј ФК од 1-0. Нинковиќ во 43 минута уште еднаш ја затресе мрежата на домашните и зголеми на 2-0.

Во второто полувреме повторно Бобо со својот втор гол на натпреварот донесе нова радост за навивачите на Сиднеј, а конечните 4-0 ги постави Мирчејевски во 79 минута од средбата.

Утре на програмата е заостанатата средба од седмото коло помеѓу екипите на ВС Вондерерс и Велингтон Феникс, а дуелите од 20 коло продолжуваат во текот на деновите од наредниот викенд.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News