MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » КИНЕСКАТА ВОЈСКА ВО СЛУЖБА ГО СТАВИ НОВИОТ НЕВИДЛИВ АВИОН Ј 20
 
КИНЕСКАТА ВОЈСКА ВО СЛУЖБА ГО СТАВИ НОВИОТ НЕВИДЛИВ АВИОН Ј 20
10.02.2018, 09:15:00
 
 
 

Кина во борбена служба ја стави новата генерација невидливи ловци „Ј-20“ со надеж дека така ќе го намали јазот во однос на САД, објави Кинеското воено воздухопловство.

.

 

Кинескиот претседател Шји Џингпинг спроведува голема модернизација на кинеските вооружени сили, кои се најмногубројните во светот, а во неа се вклучени и проектили за соборување сателити и напредни подморници.

Воздухопловните сили објавија дека новиот модел на авиони „Ј-20“ отсега ќе придонесува за заштита на државниот суверенитет, безбедноста и територијалниот интегритет.

Авионот првпат беше прикажан во јавноста кон крајот на 2016 година. Најмногу личи на американскиот ловец кој е невидлив за радарите – „F-22“, но прашање е дали навистина може да му конкурира. Инаку, Кина развива и невидлив ловец наречен „Ј-31“, кој треба да биде конкуренција за американскиот ловец „F-35“

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News