МКУД "Илинден" од Rockdale кое работи во склоп на Црковната општина "Св ПЕТКА" од Rockdale постои и успешно работи уште од далечната 1966 година.
Во друштвото членуваат околу 150 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 25 години кои неуморно го изучуваат македонскиот фолклор и традиција. |
Пробите се одржуваат секој понеделник, четврток и петок од 18 до 21 часот, под раководство на кореографот Јорго Капорис и во присуство на членовите на управата.
Нашите играорци изучуваат песни и ора од сите краеви на Македонија и се вистински амбасадори на македонскиот фолклор. За повеќе информации јавете се кај Илија Ацевски на 0418 967 583
|
|
|