| Географски сместена на крстосницата помеѓу исток и запад , Македонија има местоположба за која многу земји и позавидуваат . Денешните археолошки наоѓалишта околу Штип (кај Таринци и Анзабегово), кај Скопје ( Маџари и Зелениково), кај Куманово(Лапае) и Радовиш (Бучим) укажуваат на фактот дека овде се наоѓале населби уште од неолитно време,од кое се пронајдени земјени предмети. Во вториот милениум пред нашата ера, од неолит се поминало во бронзено доба(од 2600-1200год.п.н.е.). Од тој период пронајдени се археолошки предмети, грнчарски работи, фигури дури и камени куќи,на наоѓалиштата во Бакарно Гумно,Скопје, Црнабука...
Археолошките наоѓалишта во Демир Капија, кај Сарај Брод и Висо, откриваат гробници како и кои ковчези што укажуваат на постоењето на населби и културни живеалишта уште во железно доба (122- 400 год.п.н.е.) Гробниците откриени во Источна Македонија, кај Радање и Орлови Чуки,потоа кај Оризари (Кочанско ) и во Бразда,Скопско) и на други места во Македонија.
Последните стотина години од железното доба претставуваат силен развиток на Старомакедонската традиција и култура , што се забележува во сите форми на накит,метални предмети и украси.Внатрешниот силен развиток на етничкот и социјалниот карактер на Древна Македонија, подоцна е пренесуван и надвор од неа. Тоа посебно се изразува со ковањето на првите сребрени и златни пари.
Од овој период се забележува и златен филигрански накит, прецизно изработени украси, предмети како и градови со однапред изградена инфраструктура.
Со зголемувањето на моќта на македонската држава за времето на Александар Македонски и со нејзината експанзија во светот, многу значајни делови и традиции на обработка на накит, ковчези , предмети и орудија биле пренесени во освојуваните земји, но и од таму биле донесувани најразлични скапоцени предмети што се пронајдени во археолошките наоѓалишта во Македонија,особено во гробниците.Во овој период Македонија се карактеризра со силна државна поставеност,свои симболи, традиција, војска...
Окупацијата на Македонија од Римската империја во 168 год.п.н. е., се карактеризира со почеток на римското влијание кое ќе потрае 900год.
Евидентен е развитокот на неколку градови од тој период, специјално во 3-от век од оваа ера се развиваат градовите Скупи(Скопје), Стоби, Баргала(Штип), Хераклеа,Линкестис(кај Битола), Лихнидас (Охрид).
Од овој период се сретнуваат прекрасни амфитеатри, базилики,мозаици,скулптури, слики итн.Преку археолошките наоѓалишта, базиликите и архиепископските живеалишта може да се види постоењето и развитокот на Христијанството. |