Повеќе сведоштва од минатото зборуваат дека изборот на брачниот другар го вршеле родителите. Најчесто се тргнувало од материјалната положба на семејството, угледот, се гледало да е од оџак, итн... И кога се работело за избор на идната невеста се водело сметка таа да е здрава за да донесе на свет нормален пород,што претставувало продолжување на семејната лоза, но и да е способна за работа зашто претставувала значајна работна сила во семејството. Затоа девојките познати како работливи, но и оние од познати и почитувани семејства биле на повисока цена.
Во минатото често се случувало момчињата и девојките да се свршат без тие меѓусебно да се познаваат. Во други случаи младите се запознавале и бендисувале на зедничките домашни и полски работи, на празниците , на оро, на панаѓури итн...Се случувало момчето и девојката сами да го извршат изборот, некогаш и наспроти волјата на родителите. Тогаш девојката бегала во домот на момчето и била наречена бегалка, а ваквите случаи поради тоа што го привлекувале вниманието на околината влегле и во народните песни:"Ори Пембе ,Бело Пембе",/што ти текна да побегнеш./ноќно доба пред вечера-пее народната песна.
|