| |
|
| |
Бурек со месо |
|
|
|
| |
400гр. кори за пита
Фил: 600гр. мелено месо
2 главици кромид
малку лук,
сол,
бибер,
масло и кисела вода. |
|
| |
| Кромидот малку се пропржува заедно со месото и лукот и се остава настрана да се поолади. Се земаат по две кори и прскаат со масло и кисела вода па врз горната кора се става од филот. Кората се витка од едниот агол према спротивната па се реди во округол плех почнувајќи од средината. Кога ќе се исполни целиот плех питата одозгора се прска со остатокот од маслото и киселата вода и се пече во претходно загреана рерна. |
|
|
|
Солени кифлички |
|
|
|
|
| |
1 кгр. брашно
3 жолчки
2 јајца
2 филџани (од црно кафе) масло
2 лажичиња шеќер
1 лажиче сол
1/2 мл. млеко
квасец
250 гр.маргарин |
|
| |
| Квасецот се меша со млако млеко и малку шеќер да надојде. Во поголем сад се става брашното и останатите продукти па се се меша заедно со надојдениот квасец. Откако убаво ќе се меси тестото се покрива и остава на топло место да стаса. Од тестото се размесува и од него се вадат 15-20 топчиња.Секое се расукува, премачкува со растопен маргарин и редат едно над друго. Од вака нареденото тесто се сука голема кора на која се сечат ленти. На секоја лента се засечуваат цик-цак линии од кои всушност се прават кифличките. Внатре во секоја кифличка се става фил од сирење и белка и се витка од пошироката страна спрема потесната. Готовите кифлички се редат во подмачкан плех и оставаат пак да надојдат. Рерната се загрева во меѓувреме и пред да се стават да се печат секоја кифличка се премачкува со жолчка и посипува со сусам. |
|
|
|
|
| |
| Потребни Состојки: |
| |
1 кгр. брашно
3 жолчки
2 јајца
2 филџани (од црно кафе) масло
2 лажичиња шеќер
1 лажиче сол
1/2 мл. млеко
квасец
250 гр.маргарин |
|
|
| |
| Начин на спремање: |
| |
| Квасецот се меша со млако млеко и малку шеќер да надојде. Во поголем сад се става брашното и останатите продукти па се се меша заедно со надојдениот квасец. Откако убаво ќе се меси тестото се покрива и остава на топло место да стаса. Од тестото се размесува и од него се вадат 15-20 топчиња.Секое се расукува, премачкува со растопен маргарин и редат едно над друго. Од вака нареденото тесто се сука голема кора на која се сечат ленти. На секоја лента се засечуваат цик-цак линии од кои всушност се прават кифличките. Внатре во секоја кифличка се става фил од сирење и белка и се витка од пошироката страна спрема потесната. Готовите кифлички се редат во подмачкан плех и оставаат пак да надојдат. Рерната се загрева во меѓувреме и пред да се стават да се печат секоја кифличка се премачкува со жолчка и посипува со сусам. |
|
|
|
|
|
| |
Посни пирошки |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
1 кгр. брашно
250 мл. млака вода
200 мл. сода вода
1 лаж. сол, 1 лаж. шеќер,
2 лаж. масло
сув квасец
Фил: ситно сечена зелка, малку запржена
или расол (кисела зелка) |
|
| |
Во брашното се прави вдлабнатина па се ставаат
наведените состојки и со млаката вода и содата вода се замесува тесто. Убаво се
меси и се остава да надојде. Кога е стасано од тестото се развлекува кора во дебелина од 1 см. и од неа се сечат долги ленти во ширина од 5-7 см. По должината на целата лента се става од филот и се преклопува тестото. Со притискање на краевите се составува тестото. Потоа од секоја лента се сече долго тесто, околу 10 см, се меси убаво со набрашнети раце, и се остава настрана. Кога така ќе се исече целото тесто, се оставаат пирошките околу половина час да надојдат уште еднаш. Се пржат во загреано масло. |
|
|
|
| |
Крофни од компири и салама |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
6 средно големи компири.
1 кгр. брашно,
квасец,
2 жолчки,
сол,
млеко |
|
|
| |
За филот: шунка, павлака и маст Компирите се варат со лушпа, се лупат па се пасираат. Квасецот се замесува со малку млеко, шеќер и брашно и се остава да надојде. Кога квасецот е готов се замесува со брашното, пасираните компири, жолчките и сол. За да биде тестото меко се додава уште малку млеко при месењето. Тестото се остава да стаса па кога е готово се
развлекува кора. На едната половина од тестото се става сецканата салама измешана со павлака, а со другата половина се покрива тестото. Малку се притиснува. Се сечат погачички, триаголници или четвртасти форми и се оставаат уште половина час да стасаат. Се пржат на загреано масло. |
|
|
|
| |
Пирошки од палачинки |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
300 гр.мелеко месо
2 главици кромид
црн пипер,
сол,
јајце. |
|
За препелкaњe: малку брашно, јајце и презла. Приготвување: Се пржи ситно исечениот кромид, се додава меленото месо и се пржи добро. Се додава во месото, јајце и сол. На секоја палачинка се става по малку фил и се виткаат како пирошки. Секоја пирошка внимателно се прпелка во брашно, потоа во изматено јајце и презла и се пржат во загреано масло. |
|
|
| |
Пирошки со компир |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
150гр. варен компир
2 јајца
1/2 лаж. сол
50гр, маргарин,
квасец
брашно по потреба |
|
|
| |
| Компирите се варат, се пасираат и се замесуваат со 2 жолчки, сол, 50 гр.маргарин, квасецот претходно стасан и брашното. Се замесува средно меко тесто со млако млеко и се остава да надојде. Потоа се расукува кора во дебелина од 1 см. и од неа се сечат правоаголници. Се филуваат со сирење измешано со јајце или претходно испржено мелено месо. Вака свиткани се потопуват во разматена белка, па во презли и се пржат во врело масло. |
|
|
|
| |
Крофни |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
3 жолчки
1/2 л. млеко
1,5 лаж. ситен шеќер,
малку сол, 1 лаж. рум, ванила,
1 чаша шеќер во прав,
15гр путер
брашно по потреба ( околу 750 гр.)
квасец, масло за пржење |
|
| |
| Квасецот се растопува во малку млако млеко, се додава 1 лажица шеќер и се остава на топло место да стаса. Жолчките се матат со путерот и постојано мешајќи се додава остатокот од шеќерот, квасецот, млекото, румот, брашното и малку сол. Тестото се остава на топло место додека двојно не нарасне (околу 1 час). Тестото се става на набрашнета даска и се расукува кора во дебелина од 1см. Со калап или чаша се вадат крофни и се редат на маса или друга рамна површина. Се одмараат уште половина час. Маслото се загрева . Крофните се спуштаат во врело масло така да горната страна на крофната да плива во маслото. Се пржат затворено и кога ќе поруменат од едната страна, се вртат на другата. Готовите крофни се посипуваат со шеќер во прав помешан со ванила. |
|
|
|
| |
Соленки со компир |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
100 мл. млака вода,
100 мл. млако млеко
1 лажиче шеќер и малку брашно
1 омекнат маргарин,
1 јајце,
1 жолчка,
малку сол,
250 гр. варен
пасиран компир и 500 гр.
500 гр. брашно |
|
| |
Квасецот се замесува со 100 мл. млака вода, 100 мл. млако млеко (може и само со млеко) на кое се додава 1 лажиче шеќер и малку брашно. Се остава настрана да надојде.
Настрана во поголем сад се става 1 омекнат маргарин, 1 јајце, 1 жолчка, малку сол, 250 гр. варен и пасиран компир и 500 гр. брашно. Во оваа смеса се додава надојдениот квасец и сето убаво се меси. Откако се измесува, се става во фрижидер да остои 2 часа. Потоа се сука кора и со калапче или со чаша (по желба) се вадат погачки и редат во подмачкан плех. Може внатре да се стави и фил, месо претходно испржено или сирење измешано со јајца. Се оставаат да стасаат и пред да се стават да се печат се премачкуваат со изматена жолчка и одозгора се става сусам. |
|
|
|
| |
Погача |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
750гр.брашно,
2 суви квасца
1/2 литар млеко
лажичка сол,
маргарин, презла |
|
| |
| Се замесува тесто од брашното, млакото млеко, квасецот и солта.Се меси еластично тесто кое се дели на 4 дела. Од секој дел се прави долго тесо од околу 60 см. Потоа се сечат парчиња колку еден залак и секое парче се натопува во стопен маргарин. Залаците се редат во подмачкан плех. Од тестото треба да се наполнат два реда, еден врз друг. Во остатокот од маргаринот се пропржува презлата и се прелива врз погачата. Потоа се пече во претходно загреана рерна. |
|
|
|
| |
Ролат со спанаќ |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
|
1 крг.спанаќ
6 лаж,брашно
2 чаши кисела павлака
300гр. салама,
сол, бибер,
4лаж.масло |
| |
|
|
Спанаќот се вари во солена вода и се сецка ситно. Белките се одделуваат од жолчките. Жолчките се матат со маслото и се мешаат со спанаќот па сето се посолува и побиберува. Се додава брашно и цврст снег од белките. Смесата се изедначува и се става во подмачкан плех да се пече во загреана рерна на 200 степени. По 15 минути кората се вади , се витка во влажна крпа како ролат и се остава да се олади. Саламата ситно се дроби и се меша со една чаша павлака на кое се додава сол и бибер. Со овој прелив се премачкува кората и се витка ролат. Непосредно пред служење се премачкува и со втората чаша павлака и се украсува. Овој ролат може да се филува и со издробено бело сирење со павлака. |
|
|
| |
Македонска погача со пченкарно брашно |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
4 јајца
2 филџани (од црно кафе) масло
4 филџани кисела вода
4 филџани брашно
4 филџани пченкарно брашно
малку прашок за пециво
сирење по потреба
малку маргарин и сол. |
|
| |
| Се матат јајцата и се додаваат маслото, киселата вода, солта, прашакот за пециво измешан со брашното (може да се користи и Селф раисинг флоур) и пченкарното брашно. Во смесата се става рендано сирење а може и сецкана салама.Се става во подмачкан плех, а одозгора се ставаат мали парчиња маргарин па се пече во загреана рерна. |
|
|
|
| |
Пита со тиква |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
400гр.тенки кори за пита
500гр. тиква
150гр.шеќер
100гр. путер
малку цимет
ванилин шеќер за мирис
1 лимон
слатка павлака или млеко |
|
| |
| Тиквата се ренда, се додава шеќерот, циметот, сок и кора од еден лимон. Плехот се према чкува со путер и во него се редат корите - секоја се пропрскува со растопен путер. Прво се става една третина од корите, па половина од преливот, повторно третина од корите, па втората половина од преливот и на крај пак остатокот од корите.
Последната кора се посипува со малку млеко или павлака и се пече. Испечената пита се посипува со шеќер во прав. |
|
|
|
| |
Посен зелник со пченкарно брашно |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
600 гр.пченкарно брашно
500гр. зелје или спанаќ
1 чаша масло,
сол, 1 прашак за печиво |
|
| |
| Се замесува тесто од пченкарното брашно, прашакот за пециво, водата, солта и маслото. Половина од тестото се става во подмачкан плех и се израмнува да се добие правилна кора. Зелјето или спанаќот се сечи, се посолува потоa добрo ќе се исцеди, рамномерно се распределува врз кората. Над него се става остатокот од тестото. Се пече на умерено околу еден час. |
|
|
|
| |
Кравајчиња |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
1 кгр. брашно
1 квасец
1 лаж. сол
пола литар млака вода. |
|
|
| |
Квасецот се растопува во млака вода со малкубрашно и се остава да стаса на топло место. Потоа се замесува тесто кое се остава да нарасне, па се премесува повторно и пак остава
да стаса. Потоа тестото се дели на 8 прилично еднакви делови во форма на топки. Плехот се подмачкува, топките малку со рака се сплескуваат и се редат во плехот една до друга но се внимава да не се залепени. Се печат неколку минути на 230 степени, потоа се намалува температурата, па се пече се додека кравајчињата не добијат убава боја.
Печените кравајчиња се попрскуваат со вода, се виткаат во чиста крпа и се оставаат малку да се оладат. Се служат топли со сирење или со месо на скара. |
|
|
|
| |
Гужвана пита со спанаќ |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
500 гр. кори
500гр. спанаќ
750гр.младо сирење
5 јајца
250гр. кисела павлака
масло, сол
400дл.млеко |
|
| |
| Спанаќот се ситни, се посолува, а па потоа се цеди и се става посебно во чинија. Во спанаќот се додава издробено сирење, јајца, павлака, малку масло, сол и млеко. Во плех , подмачкан со масло се става една кора која се надигнува малку на краевите на плехот. Една кора се остава настрана за одозгора, а останатите згужвани се потопуваат во преливот, се редат една покрај друга и одозгора се става последната кора која се премачкува со масло. Се става во рерна и се пече околу 60 минути. Печената пита се вади и остава да олади пред да се послужи. |
|
|
|
| |
Виткана пита со кисела вода и јогурт |
| |
|
| Потребни Состојки |
Начин на спремање: |
| |
500гр.готови тенки кори
300гр.сирење
1.25дл/ масло
1.25дл. кисела вода
1.25дл.кисело млеко
4 јајца |
|
| |
| Сирењето се дроби посебно. Јајцата одделно се матат и им се додава кисела вода и кисело млеко. Корите се делат на три дела па едниот дел се реди во плех подмачкан со масло. Врз него се става 150 гр.издробено сирење па врз него другиот дел од корите, повторно сирењето и конечно преостанатите кори. Така наредената пита се сече на коцки со остар нож. Одозгора, питата се посипува со загреано масло, се додаваат изматените јајца со киселата вода и киселото млеко. Питата се пече во добро загреана рерна. ( Во филот исто така може да се додаде и 250 гр. спанаќ или мелено месо испржено со една главица кромид). |
|
|
|
|
|
| |
|
|
 |
|
| |