The Home Of Macedonian Telephone Directory
home

mactel.com.au on English

 
 
 

Амбасада На Република Македонија Во Австралиjа

 

SOOP[TENIE

Амбасадата на Република Македонија во Канбера е отворена на 16 јуни 2003 година, а почнувајќи од 06 октомври 2009 година, со неа раководи Неговата Екселенција, Г-нот Перо Стојановски.

Покрај основната дејност, развивањето на односите на Република Македонија со Австралија во сите полиња од заемен интерес, Амбасадата извршува и конзуларни услуги. Оваа дејност е особено значајна за македонските иселеници, во врска со регулирање на нивните статусни и правни прашања во Република Македонија.
В И З И
(не е потребна виза за патување во Република Македонија за носители на австралиски пасоши)

Со одлука на Владата на Република Македонија, со која раководи премиерот Никола Груевски, од 23.05.2008 година, визите за краткорочен престој од 90 дена, се укинати за сите носители на австралиски патни исправи.

ДОГОВОР ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

За време на официјалната посета на Австралија на претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, во периодот од 25-27 октомври 2009 година, беше потпишан Договорот за социјално осигурувањемеѓу Република Македонија и Комонвелтот на Австралија, со кој им се овозможува на македонските граѓани, користење на австралиските пензии во Република Македонија.

РЕГУЛИРАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВО

Преку Амбасадата на Република Македонија во Канбера и Генералниот Конзулат на Република Македонија во Мелбурн, за себе и за своите деца до 18 годишна возраст, граѓаните на Република Македонија можат да го регулираат државјанството и упис на истото во последното место на живеење во Република Македонија.
Потребни документи кои се приложуваат (за деца до 18 години):

Извод од матичната книга на родените (деца родени во Австралија);
Заверка на Изводот (Apostle печат) во Department of Foreign Affairs and Тrade (DFAT);
Превод на Изводот и заверка на преводот во Амбасадата или Генералниот Конзулат;
Извод од матичната книга на родените или уверение за државјанство на родителите;
Писмено барање потпишано од родителите

Лицата кои навршиле 18 години, а на кои едниот или двата родители им се државјани на Република Македонија, можат да го регулираат државјанството со поднесување на барање, со приложување на следните документи:
Барање (образецот се добива од Амбасадата или Генералниот Конзулат) потпишано лично од барателот;
Биографија;
Извод од матичната книга на родените;
Извод од матичната книга на родените - за родителите;
Доказ за обезбедено место за живеење (копија од документ со име и презиме и адреса на живеење, заверен кај овластен од Амбасадата Justice of Peace);
Доказ за постојан извор и висина на средства за егзистенција;
Уверение дека не се води кривична постапка во Република Македонија (на писмено барање од странката се обезбедува преку Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а во барањето да се наведе и последната адреса на живеење на барателот или на неговите родители). Образецот се добива од Амбасадата или Генералниот Конзулат;
Уверение од казнена евиденција во Република Македонија (се добива по службена должност од Министерството за внатрешни работи преку Амбасадата или Генералниот Конзулат);
Уверение дека не се води кривична постапка во Австралија;
Уверение за казнена евиденција во Австралија;
Адреси на блиски роднини во Република Македонија;
Да се познава македонскиот јазик.

Документите издадени во Австралија, треба да бидат во оригинална форма и легализирани (со Apostle печат) во Department of Foreign Affairs and Trade (DFAT) – Branch Offices во државите во Австралија, преведени на македонски јазик и потоа заверени од страна на Амбасадата или Генералниот Конзулат.

Законот за државјанство на Република Македонија, измените и дополнувањата на истиот, можат да се најдат на www.mlrc.org.mk


ПАТНИ ИСПРАВИ (ПАСОШИ)

На 01.04.2007 година, Владата на Република Македонија донесе одлука за воведување на новите македонски патни исправи, кои содржат биометриски податоци на носителот на патната исправа.
Аплицирањето за нов македонски пасош се врши телефонски во Амбасадата или Генералниот конзулат.

Напомена: Старите македонски пасоши, кои се уште имаат важност, треба да бидат заменети со нови биометриски пасоши најдоцна до 01.01.2012 година.

ПРАЗНИЦИ

Државни празници на Република Македонија се:

- 24 Мај, "Св. Кирил и Методиј"- Ден на просветителите;
- 2 Август, Ден на Републиката;
- 8 Септември, Ден на независноста;
- 11 Октомври, Ден на народното востание;
- 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба и
- 8 Декември, "Св. Климент Охридски".

Празници на Република Македонија се:

- 1 Јануари, Нова година;
- Божик, првиот ден на Божик, 7 јануари според православниот календар;
- Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;
- 1 Мај, Ден на трудот и
- Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам."

Според Законот за државни празници, овие денови се неработни.

КОНТАКТ

Амбасадата на Република Македонија е отворена од понеделник до петок од 09:00 - 17:00 часот.
Неработни денови на Амбасадата се оние денови кои што се наведени во законот за празници.
Амбасадата на Република Македонија во Канбера можете да ја контактирате и притоа да ги добиете потребните информации на:

Тел. 02/6282 6220
Факс 02/6282 6229 или на
www.missions.gov.mk/canberra
e-mail: info@macedonianemb.org.au

74 Banks Street, Yarralumla 2600, Canberra, ACT
tel: +61 2/ 6282 6220; fax:+ 61 2 /6282 6229
E-mail: info@macedonianemb.org.au
www.missions.gov.mk/canberra

 


 
 
© 2001-2008 mactel.com.au all rights reserved
Mactel,Mactel.com.au,Macedonian Telephone Directory,Macedonian Directory,Macedonian Businesses Directory,Macedonian Telephone Directory in Australia,
The Macedonian Businesses & Telephone Directory,Macedonians in Australia,Macedonians in Sidney,Macedonian Cooking, Macedonians Associations Australia,Macedonians Community Australia,Macedonian news in Australia,Macedonian History, Macedonian web page for sell & bay,Macedonian souvenirs,Macedonian Musical Groups in Australia,Advertising in Macedonian media in Australia, Macedonian Restaurants in Sidney,Imenik,Makedonski Telefonski Imenik,Makedonski imenik vo Avstralia,Makedonski biznisi vo Avstralia, Makedonska zaednica vo Avstralia