MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Македонско сонце 2016
 
 

 Наградата „Македонско сонце“ од областа на бизнисот за Господинот Џејмс Рошков, сопственик на  Адвокатската компанија, "Hencock Alldis & Roskov" од Сиднеј

 Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик  одлучи да ја додели Наградата „Македонско сонце“ од областа на бизнисот на Господинот Џејмс Рошков,  сопственик на Адвокатската компанија, "Hencock Alldis & Roskov" од Сиднеј. Адвокатската компанија, "Hencock Alldis & Roskov" од Сиднеј е најстара адвокатска  компанија во општините St George и Sutherland. Впрочем , таа се вбројува меѓу петте најстари компании од овој вид во Австралија. Формирана е во 1929 година и  оттогаш работи во Хрствил. Во Адвокатската компанија, "Hencock Alldis & Roskov" денеска работат повеќе од 15 вработени, од кои 7 се адвокати, специјализирани за    да бранат правни случаи од криминалното, комерцијалното и фамилијарното право, случаи за медицинска негрижа, тестаменти, оставштина и слично.

 Сопственикот и директор, Господинот Џејмс Рошков, всушност, во оваа реномирана компанија, има фузирано уште неколку други стари адвокатски Компании,а   Hencock Alldis & Roskov ја откупи од првите сопственици , кои долги години фамилијарно го водеа бизнисот. Денеска Господинот Рошков ѝ ја продолжува традицијата  и успешно и умешно ја води оваа реномирана адвокатска компанија.

 Минатата 2016 година , несомнено беше многу успешна за оваа Адвокатска компанија и тие постигнаа натпросечни деловни резултати. Затоа, Редакцијата на  Македонскиот Телефонски Именик  одлучи да ја додели Наградата „Македонско сонце“ од областа на бизнисот на Господинот Џејмс Рошков, сопственик на  Адвокатската компанија, "Hencock Alldis & Roskov" од Сиднеј.

 

 

 

Наградата за животно дело  за господинот Тоде Кабровски од Сиднеј 

Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик  одлучи Наградата за животно дело да му ја додели на господинот Тоде Кабровски од Сиднеј.

Тоде Кабровски е општествено политички и просветен  работник, културен деец и учебникар. роден е во с.Ореово, Битолско.

Основно образование завршил во родното место, Учителска школа и Педагошка академија во Битола, а со самото доселување во Австралија, Господинот Тоде Кабровски активно се вклучува во општествениот живот на Македонците. Во 1969 година станува член на КУД „Илинден’’, Рокдаел и на ФК Илинден.  Член на МПЦ „Св Петка“ од 1977 година. Тој е еден од Иницијаторите  за формирање на Добротворното друштво МАВА, а членува и во Migrant Resource Centre, Rockdale. Во 1975 година г-от Кабровски е член на иницијативниот одбор за отворање на првото етничко училиште во Нов Јужен Велс (македонски јазик), каде што е учител по македонски јазик, во Њутаун, 4 години. Господинот Тоде Кабровски е еден од првите иницијатори за формирање на Македонскиот просветен училишен одбор за Нов Јужен Велс, каде што бил, најпрво две години потпретседател, а потоа  претседател на истиот во два наврати, каде што вкупно претседавал со Одборот 26 години, до 2004 година.  Во тоа време, време на печалбари, учителите кои доаѓале од стари крај, наоѓале работа во фабриките и ја занемарувале стекнатата учителска диплома од Македонија. Тоде одел од врата на врата и ги молел учителите да дојдат и да предаваат македонски јазик во етничките училишта. Во тоа време во училиштата имало повеќе од 1000 ученици кои го изучувале македонскиот јазик. Овие податоци треба да бидат пример за денешниве родители и да ги мотивираат да ги испратат децата во македонските училишта. Како што реков заради бројот на учениците Тоде извесно време работел во повеќе училишта, меѓу кои и македонско етничко училиште „Св Климент Охридски“, Рокдаел – 12 години, бил учител во македонско етничко училиште „Св Кирил и Методиј“, Кенли Вајл – 4 години, во македонско етничко училиште „Стале Попов“, во Ричмонд – 6 недели, предавал на средношколците  во гимназијата во Когра – 4 години, бил координатор на македонските саботни средни училишта – 13 години, а бил и член на Комисијата за изработка на наставен план и програма за средните училишта, член на Комисијата за составување на испитите, член на Комисијата за проверување на испитите.

Со неколку искусни професори и наставници Тоде е ко- автор на неколку учебници за наставата по македнски јазик. Тој бил  Организатор и потпретседател на одборот за организирање Денови на македонска култура во НЈВ, а  Четири пати има учествувано на семинари и конгреси во Р. Македонија.За последните 48  години Господинот Тоде Кабровски бил и сеуште е член на повеќе македонски организации и асоцијации

.Тој е и Justice of peace за македонската заедница, посебно од 1991-2003 година кога немало конзуларни претставништва (преведувал, составувал и оверувал полномоштва и други документи) на доброволна база, само да помогне на својот народ.

Од 1976 до 1995 година бил вклучен во политичкиот живот, во Работничката партија на Австралија.

Целиот свој работен век  од 36 години, Кабровски го поминува во  Телстра Кооперајшен Лимитед,каде што бил  доста познат и ценет. Член бил на извршниот одбор на синдикатот за Телекомуникации. Четири години бил член на Комисијата за консултации во полициската станица во Когра.

Иако веќе подолго време е пензионер, Господинот Тоде Кабровски сеуште работи доброволно. Во последните три години тој e член во Мултикултурниот Одбор на заедниците за Нов Јужен Велс,каде што е еден од шесте директори. (Multicultural Community Council of New South Wales).

„Сета оваа активност се постигнува со огромна  љубов кон својата татковина, кон земјата, јазикот, културата, кон својот народ“ , во една прилика за Тоде ќе рече неговата колешка, , Вера Бошевска.

Да се учествува во македонската заедница како член е важна и макотрпна работа, но да се биде пионер во воспоставувањето на културниот идентитет на македонската заедница во Австралија е доблесна работа. Тоа изискува креативност, вложување на сопственото време, несебичност и пожрвуваност. Сите овие атрибути го красат нашиот вечерашен лауреат, Господинот Тоде Кабровски.

 

Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик  одлучи да ја додели Наградата „Македонско сонце“ од областа на општествените дејности, културата ,спортот и образованието на  МКУД „ИЛИНДЕН“ од Сиднеј

 На 26 Ноември 2016 година се одржа големиот семакедонски Концерт по повод педесет- годишнината од формирањето на МКУД „ИЛИНДЕН“од Сиднеј. Во  големиотдржавен театар во Сиднеј, пред повеќе од 2000 посетители и преку 300 играорци, музичари, водители и пејачи,  беше прославена 50- годишнината од  постоењето на  ова друштво Пред многубројната публика играа поранешни играорци на друштвото, сегашни врвни играорци и идни поколенија, кои ќе ја покажат  традицијата. Целата управа на МКУД „ИЛИНДЕН“, на чело со претседателот Пецо Наумовски, подржани од неколкумина поранешни играорци, беа заслужни за  успехот на овој мега настан. Голема заслуга има и главниот кореограф, Господинот Крис Карафиловски, кој со својот тим кореграфи ги подготвија играорците  соодветно да настапат на јубилејниот концерт. Управата на МКУД „ИЛИНДЕН“, од Македонија обезбеди народни носии за кои беа потрошени околу 50 000 долари.  Носиите и спомените од овој настан ќе останат како историски печат за успехот на ова друштво. Значајно е да се напомене дека македонскиот активист Господинот  Благојче Јосифовски подготви книга за Историјатот на МКУД „ИЛИНДЕН“, која наскоро ќе биде издадена, а на концертот беше прикажан и документарен филм за  МКУД „ИЛИНДЕН“. И книгата и ДВД од овој настан , наскоро ќе бидат достапни за јавноста.

 Историјата кажува дека сѐ започнало во далечната 1966 година, во кафеаната на Стево Јоану, на 438  Princes Highway Rockdale. Група ентузијасти решиле да ја  оформат МКУД „ИЛИНДЕН“.

 Оттогаш до денес низ друштвото продефилирале низа кореографи, претседатели, илјадници деца, кои го изучувале македонскиот фолклор и култура и истиот го  презентирале на австралискиве простори. Кога се зборува за МКУД „ИЛИНДЕН“се зборува за амбасадорот на македонската традиција, македонската игра и песна  овде во Австралија. Тие имаат настапувано во НЈВ,во Квинсленд, во Викторија, во Јужна Австралија, но и во Македонија. Добитници се на многу награди и  признанија, а во неколку наврати биле и шампиони на најголемите танчерски натпревари во Австралија.

 Затоа, Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик  одлучи да ја додели Наградата „Македонско сонце“ од областа на општествените дејности, културата,  спортот и образованието на  МКУД „ИЛИНДЕН“од Сиднеј.