MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Македонско сонце 2017
 
 

smartlineНаградата „Македонско сонце“ од областа на бизнисот за Господинот Саше Петровски, сопственик на “Smartline" од Сиднеј

 Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик  одлучи да ја додели Наградата „Македонско сонце“ од областа на бизнисот на Господинот Саше Петровски, сопственик на компанија, "Smartline" од Сиднеј. 
Господинот Саше Петровски е успешен бизнисмен кој веке 18 години раководи со бизниси од областа на издавањето кредити за купување на имот за домување. Работата ја започна во Националната банка, а во 1993 година ја отвори својата приватна компанија, CBA Home Lending Solutions Franchise, а од ноември 2017 година е сопственик на фирмата “Smartline“. Неговата професионалност придонесе да има многу клиенти, а “Smartline” работи со повеќе од 25 кредитни организации и може да обезбеди кредит по најповолни услови. „Најголема среќа е кога клинтот е задоволен со професионалноста на услугите што му ги даваме како бизнисмени“, вели господинот Петровски. Покрај бизнисот господинот Саше Петровски е голем спомагател на македонската заедница, на доброволни акции и на спортски клубови.
Минатата 2017 година  Господинот  Саше Петровски  постигнаа натпросечни деловни резултати. Тој своето долгогодишно искуство го искористи и бизнисот му доживеа доживеа енормна експанзија. 

 

 

Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик  одлучи да ја додели Наградата „Македонско сонце“ од областа на општествените дејности, културата, спортот и образованието на  Македонското добротворно makedonsko dobrotvorno zdruzenieздружение на НЈВ од Илавара 

Во текот на 2017 година Македонското добротворно здружение на НЈВ, ги постигна следниве цели:
Општествени услуги што вклучуваат информација, совет, посредување и помош - 7612 контакти на основа на директна (лице в лице) и индиректна (преку телефон или електронски контакт) услуга.; Квази конзуларни услуги како полномошна, наследнички и други изјави, дозволи за патување на малолетни лица – изработени се 112 документи за македонци што живеат ширум Австралија и Нов Зеланд; Потврди/Уверенија за живот поврзани со добивање на Македонска Пензија – изработени се 178 документи; Старосни услуги за лица кои се над 65 годишна возраст преку федералната програма Commonwealth Home Support Program (CHSP) кои вклучуваат групи за социјална поддршка, одменска грижа и редовни прошетки – одржани се 230 редовни неделни состаноци во кои регистрирани беа 6118 луѓе, кои учества во групите, 4600 услуги за превоз, обезбедени беа 4831 топли оброци, 45 прошетки во околината на Илавара и пошироко, 3 игранки за прославување на Неделата на сениорите, Илинден и прослава на крајот на годината како и 25 предавања на разни теми соодветни за добата и потребите на клиентите во овие групи; Групи за поддршка на грижителите за Македонската заедница – остварени се 22 состаноци со 18 говорници на разни теми од интерес на грижителите.; Група за социјална поддршка на жени од македонско потекло во Илавара – остварени беа 24 состаноци, организирани беа 12 говорници на разни теми и 8 прошетки до разни излетнички места во Илавара и пошироко; Индивидуални услуги за социјална поддршка, транспорт и топло јадење – обезбедени се 72 часа поддршка, 163 транспортни услуги и 252 топли oброци; Учество во разни состаноци за планирање на сервиси, настани и разни услуги на локално, републичко и федерално ниво; Организирање на разни настани, прослави, одбележувања и игранки со социјални и добротворни цели како самостојна организација и во партнерство со други организации, асоцијации и групи; Организирање јавни предавања за заедницата на разни теми како резултат на промени во услугите кои и се нудат на заедницата како на пример за новиот систем ан интернет НБН, новиот систем за услуги на лица со инвалидитет, промени во пристапот на лекови со кодеин, општинско советување со жителите во Порт Кембла и слично. Сето од горенаведеното е постигнато со 1 вработен со полно работно време ,7 вработени со скратено работно време, 2 вработени на база по потреба и 27 волонтери (членови во управата, шофери, грижители, готвачи, помошници во кујната, лица за активности и волонтери за специфични настани).

Наградата за животно дело  за господинот Златко Настевски од Сиднеј 

zlatko nastevskiЗлатко Настевски е македонската фудбалска легенда во Австралија. Кариерата ја започнува во Вардар, во 1970 година. Тој е голгетер на годината неколку пати во својата кариера. Со своите брилијантни победнички голови, некои дадени и со глава, ја донесува својата екипа како победник и на светските фудбалски терени, во Франција, Мароко, Германија, Англија, Австралија.На шеснаесет години е голгетер на годината во Македонија, со постигнати 31 гол на 32 натпревари.
Во 1986 година се доселува во Австралија и игра за фудбалскиот клуб „Илинден“, каде што во првата година постигнува 22 гола на 23 натпревари,  а потоа и за Маркони, каде што достигнува врв на својата кариера, со постигнување на 22 гола, од кои два во финале со глава, кои стануваат голови на годината низ светот. Златко Настевски игра и за репрезантацијата на Австралија, но само 6 месеци бидејќи поради несреќна принудно мораше да ја заврши својата фудбалска кариера. Потоа работеше како успешен тренер на повеќе клубови. Во меѓувреме тој е спортски коментатор на македонските радио програми во НЈВ, а има и своја приватна фудбалска Академија, каде што обучува голгетери.