
Добитник на Наградата „Македонско сонце“ од областа на бизнисот е компанијата "Romantika Floral Designs" на Ратка Ристевска od Сиднеј
Компанијата „Romantika Floral Designs"- Sydney е семејна компанија. Оваа Компанија е престижна во својата дејност. Тие вработуваат повеќе од дваесет вработени и контрактори. Креациите од цвеќе што ги подготвува Ратка предизвикуваат воодушевување не само кај муштериите, туку и кај вистинските големи компании кои ги користат нивните услуги.
Во 2015 година Компанијата “Romantika Floral Designs" - Sydney доживеа енормна експанзија и постигнаа натпросечни деловни резултати, а ги збогати и трпезите и свеченостите на многумина Македонци. Тие се покровители на добротворните манифестации во македонската заедница.

Добитник на Наградата „Македонско сонце“ од областа на општествените дејности, културата, спортот и образованието е Ирена Чолакова Вељанова, за улогата на Сали во драмата „Д-р Жими мајка“. Само еден лик треба да е уметнички извајан до детал за да ја возбуди публиката во театарска престава. Само еден лик треба да е одигран со љубов, за да внесе свежина во текстот и да ја заинтересира публиката.
Д-р Ирена Чолакова Вељанова иако по професија е универзитетски професор, ролјата во аматерскиот театар си ја сфатила сериозно и со темелна подготовка на истата успеа доследно да го прикаже ликот на старата девојка Сали. Сали една од проминентните улоги во театарската претстава Доктор Жими Мајка прикажана во 2015 година.
Улогата на Сали, Ирена ја одиграна енргетски, пластично, а карактерот е анимиран на начин што е убедлив и близок до публиката, реален и релаксиран пристап кон глумата. Комичниот спин на карактерот ја балансира безизлезноста на истиот. Ирена, ги долови срцата на публиката со својата моќ да се трансформира во Сали. Нејзината актерска изведба беше наградувана со многубројни аплаузи и букети цвеќе од публиката. Затоа, Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик одлучи да додели номинација за Наградата Македонско сонце од областа на општествените дејности, културата, спортот и образованието на Ирена Чолакова Вељанова, за улогата на Сали во драмата „Д-р Жими мајка“.
Добитник на Наградата „Македонско сонце“ за животно дело е Господинот Крсте Ѓеоргиевски. Во македонската заедница во Австралија нема кој не занае за Господинот Крсте Ѓеоргиевски, сопственикот на Компанијата Марко Поло.
Македонците во Австралија Господинот Крсте Ѓеоргиевски го познаваат како човек со големо срце, како човек што е покровител, спонзор и добродател на многу македонски непрофитни организации, друштва, спортски клубови, весници, радио- часови и сл. Г-от Крсте Ѓеоргиевски е роден во 1943 година, во село Завој, Охридско. Во Австралија, на печалба доаѓа во 1966 година Најпрво се работи во Железарата во Порт Кембла, а потоа се сели во Сиднеј и работи во фабриката Мини Морис. Иако, како вреден работник тој добро заработува, сепак Крсте го водат амбициите и желбата да постигне уште поголеми резултати. Така, тој заедно со неговиот брат Тони, ја отвараат првата дирекција на Марко Поло Фудс, во Кемси во , сега веќе далечната 1976 година.
Работата ја започнаа двајцата браќа со само 3 вработени, но набрзо бизнисот почна да расте и бројот на вработените се зголемува. Примарната дејност на Марко Поло беше увоз на храна прво од Македонија, а потоа и до Хрватска. Во 1980 година Марко Поло отвори преставништво во Мелбурн, а потоа и во Перт. Сонот на Крсте беше Марко Поло да стане национална компанија со магацини во сите држави на Австралија. Тој сон се оствари во 1992 година. Марко Поло, денеска е реномирана национална увозна компанија. За успехот на Крсте Ѓеоргиевски, важи и онаа македонската„Која рака дава- не се суши“! Тој е најголемиот донатор, спонзор и покровител на многу македонски организации, фудбалски клубови и социјални друштва. Тој ги потпомага радио часовите на македонски јазик.
Без Крсте Ѓеоргиевски македонската заедница немаше да биде ваква , кава што е денес! Му благодариме.