MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Македонско сонце 2014
 
 

Dobitnivi na Makedonsko Sonce MKD Transcorp 2014 Добитник на Наградата „Македонско сонце “ од областа на деловните дејности е Компанијата "MKD Transcorp" на Господата Жарко и Игор Цветкоски од Сиднеј
„MKD Transcorp“ е семејна компанија. Во 1999 година браќата Жарко и Игор Цветкоски го започнаа својот бизнис со само еден камион. Денеска „MKD Transcorp“ е реномиран гигант во транспорната индустрија на Австралија. Бизнис кој се бави со транспорт на стока и контејнери на национално ниво. 

Нивниот возен парк располага со повеќе од 150 камиони од сите видови и за повеќе намени. Тие редовно вработуваат повеќе од 100 вработени, специјалисти за логистика, а имаат и многу контрактори, т.е. вработени со договор. Нивни муштерии меѓу другите се и големите фирми , како Ikea, Big W, Masters, Fantastic Furniture, Metcash... 

Веќе 25 години тие се покровители на многу организации и поединци во македонската заедница. Во 2014 година Компанијата „MKD Transcorp“ од Сиднеј постигна натпросечни деловни резултати.

 

 

 

 

Добитник на Наградата „Македонско сонце“ од областа на културата,образованието, спортот иMakedonsko Sonce 2014 Majkl Dameski општествените дејности е Мајкл Дамески
Со Доблесиот соло танц, Мајкл стана чудо и ги стана на нозе сите судии и целата публика, но веројатно и сите гледачи пред телевизиските екрани , кои го следеа популарното австралиско шоу „Значи, ти мислиш дека знаеш да танцуваш“! За Мајкл Дамески, осумнаесет годишниот танчер, пејач, актер и забавувач од Сиднеј, кој е по потекло од Прилеп, овој натпревар значеше виза кон врвот на светското танцување. 

Ѕвездата беше родена уште одамна. Имено, Мајкл на 3 годишна возраст пееше на детскиот фестивал „Македонче“ во Сиднеј, пееше на „Златно славејче“ во Сиднеј и во Македонија, учествуваше на безброј натпревари, а ја играше и главната улога Били Елиот, во истоимениот мјузикл во Сиднеј, Мелбурн и цели 2 години на Бродвеј, во Њујорк. Таму, на секоја престава, 2500-та публика по трипати ја креваше на нозе, да му ракоплеска. Со настапот на австралиското шоу минатата година, Мајкл се пласира во финалето и победи. Покрај тоа што е, несомнено, одличен танчер, Мајкл е и голем Македонец во срцето. Имено уште во првата емисија, тој одлично зборуваше на македонски, а низ неколку емисии во оваа серија, сподели со публиката дел од македонската традиција, култура, умешност, а заигра и македонско оро.

 

 

 

 

 

Makedonsko Sonce 2014 Branko Naumovski Добитник на Наградата „Македонско сонце“ за животно дело е Господинот Бранко Наумовски од Сиднеј

Бранко Наумовски општествено политички и просветен работник, културен деец, учебникар, писател и поет за деца и возрасни, литературен критичар, новинар. Роден е во с. Дихово Битолско. По професија е пофесор по македонски јазик и литература. Во Кабрамата 1986 г. го отвори Македонското етничко училиште "СВ. Климент Охридски". Активен член е на
Македонското литературено друштво "Григор Прличев" и редакцијата на списанието "Повод". Радиоводител е на "Сиднеј Македонија" (една година) и "Радио Луна" (пет години). Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на навинарите на Македонија како и на Друштвото за наука и уметност Битола. 

Учествувал на манифестацијата " Струшки вечери на поезијата". Тој бил дописник на списанието "Македонија", на „Битолски весник“, "Македонски неделник", "Денес","Раст", "Современи дијалози". 

Добитник е на следните награди: "Златна плаката" од Матицата на иселениците на Македонија; "Иселеничка грамота"(1997); "Празник на липите"(2006); "4ти Ноември"(2006) Во 1970 г. ја формира правата драмска група во Рокдаел и во негова режија ги поставува драмите: "Печалбари" од А. Панов, и "Бегалка" од В. Иљоски. Автор е на стихозбирките: "Време за спомен/поезија за деца” и четири стихозбирки за возрасни:"Вратете ми ги времињата", "Свети синори", "Прострелана ѕвезда", и "Каменот пред портата наша" и збирката раскази "Чувар на детските спомени". Бранко Наумовски е пионер во воспоставувањето на културниот идентитет на македонската заедница во Австралија.