Добитник на Наградата “Македонско сонце“ од областа на деловните
дејности во 2013 година е Kомпанијата “Georgievki Bros P/L “ од Сиднеј, на Господата Коста и Маре Георгиевски
Од областа на бизнисот наградата “ Македонско сонце “ за 2013 година, за натпросечни деловни резултати ја добија Коста и Маре Георгиевски, сопственици на Компанијата , Georgievki Bros P/L од Сиднеј.
Добитник на Наградата “Македонско сонце“ од областа на културата, образованието, спортот и општествените дејности во 2013 година е
Македонскиот Просветно училишен одбор за НЈВ од Сиднеј
“Македонското сонце“ за најдобри достигнувања во општествените дејности, образованието, културата и спортот, во 2013 година, го доби Македонскиот Просветно училишен одбор за НЈВ, за успешно 35 - годишно промовирање и изведување на наставата по македонски јазик во Австралија
Добитник на Наградата “Македонско сонце“ за животно дело е
Господинот Перо Дамчевски - Коцин
Наградата за животно дело ја доби Господинот Перо Дамчевски - Коцин од Сиднеј.