MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Македонско сонце 2012
 
 

Добитник на Наградата “Македонско сонце“ од областа на деловните
дејности во 2012 година е Kомпанијата “Kurmond Homes “
од Сиднеј, на Господата Петар и Мајкал Кулаковски

Петар и Мајкал Кулаковски по професија се дограмаџии. Нивниот сон да отворат компанија за дизајнирање и изградба на куќи е сега стварност. Тие се специјалисти за едноспратни и двоспратни куќи, за двојни куќи, со еден збор за нови куќи. Во нивните изложбени куќи тие имаат вработено професионалци за надворешен и внатрешен дизајн, а нивната Компанија “Kurmond Homes“ вработува многу работници и специјалисти.
Петар и Мајкал имаат цел да градат куќи за Австралијаните и при тоа куќите да бидат по поволни цени. Нивниот успех се должи врз тешката, но чесна работа, со која ја стекнаа довербата кај муштериите, затоа што имаат искуство во сите
фази на изградбата, а пред се со квалитетната и ефтина работа. Минатата 2012 година Компанијата “Kurmond Homes “ од Сиднеј доживеа енормна експанзија и постигнаа натпросечни деловни резултати. Нивните проектни куќи можат да се видат во Kellyville, Camden и Cranebrook.

 

Добитник на Наградата “Македонско сонце“ од областа на културата,
образованието, спортот и општествените дејности во 2012 година е
Белинда Ристеска од Сиднеј

Белинда Ристеска е млада спортистка - фитнес манекенка, што успешно се натпреварува на светско ниво во фитнес и боди билдинг. Белинда е родена во Сиднеј и овој светски успех, оваа 21 годишна девојка го должи на својата упорност и дисциплина, со што е позитивна инспирација за младите. Таа е студент по Нутрициунизам на универзитетот во Волонгонг, а има и диплома за персонален тренер. Белинда се натпреварува веќе неколку години и два пати е државен првак на НЈВ, а минатата 2012 година беше првак во категоријата фитнес – бикини во Австралија. Благодарение на овие успеси таа беше избрана од Федерацијата на Австралија да ја претставува Австралија на Светското првенство во фитнес и боди билдинг на Арнолд Шварценергер, фестивалот во Америка, каде што беше впечатливо забележана и доби понуди од многу
Компании за здрава храна да им биде заштитно лице. Така Белинда беше најмладиот натпреварувач на ова светско првенство.
Белинда Ристеска е и манекенка, на ТВ Каналот 7, каде што го промовира здравиот живот и здравата исхарана, а со што е несомнено инспирација и позитивен пример за младата генерација.
 

Добитник на Наградата “Македонско сонце“ за животно дело е
Господинот Доктор Васил Тулевски

Доктор Васил Тулевски е истакнат активист, спомагател и пионер на општествениот живот на македонската заедница во НЈВ.
Тој е иницијатор и основопооложник за изградбата на МПЦ “Света Петка“, во Рокдаел, а заедно со група активисти, го формираше Радиото 2ЕА, кое подоцна прерасна во СБС, а македонската програма беше една од првите програми на ова радио емитувана на македонски јазик. Д-р Тулевски, целата таа 1976 година беше доброволен коопрдинатор на македонската програма на ова радио.
Доктор Васил Тулевски е основоположник и активен промотор на КУД "ИЛИНДЕН“, како и на шаховскиот клуб “ ИЛИНДЕН“, а шахот му е хоби, со кое сеуште ја промовира македонската заедница. Имено тој активно се натпреварува во екипата за НЈВ, на националниот шаховски натпревар на Австралија.
Несомнено значајно е неговото учество во формирањето на Литературното друштво “Григор Прличев“, во 1979 година, на МПУО за НЈВ, како и на отворањето на Катедра по македонски јазик на Маквори Универзитетот во Сиднеј и на Македонската Фондација за студии по македонски јазик.
За себе Д-р Тулевски скромно вели дека сево ова е само мал допринос за македонската заедница, со што го брани достоинството на Македонија и Македонците во Австралија, и додава цитирам:
"Јас сум излезен од Македонија 50 години, но Македонија никогаш нема да излезе од Мене