MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Македонско сонце 2011
 
 

На 27 април 2012 год., во Сиднеј во, по 18ти пат се одржа траиционалниот Бизнис Бал "Македонска Трпеза", на кој Македонскиот Телефонски Именик ги доделува наградите "Македонско сонце" *Добитник на наградата "Македонско сонце" 2011 година од областа на бизнисот компанијата "Kidz-N-Style ", чии сопственици се Господата Џени и Луј Здравевески.

Номинирани за ова високо признание беа и компаниите, "Interpreters & Translators" на Господата Димче и Славица Божиноски, и компанијата "Pro Study Australia." во сопственост на Катерина Кимовска и Грег Њутон


Џени и Луј Здравевески


*Македонскиот Телефонски Именик ги доделува наградите "Македонско сонце 2011" од областа на општествените дејности, културата, образованието испортот ја додели на г-нот Васко Србиновски, за креацијата на улогата на Мистер Балкан во истоимената драма, а номинирани за ова признание беа и: Вукосава Донева –Варколи, за книгата “Ткаење черга“, МКСД “ Преспа“ од Сиднеј и Даниел Ѓеорѓиевски, од Сиднеј, фудбалер во тимот на Македонската државна репрезентација.



Васко Србиновски

 

*Добитник на наградата "Македонско сонце 2011"за животно дело ја доби Господинот Иван Трпоски од Сиднеј - поет, раскажувач, патеписец, хроничар и новинар.


Иван Трпоски