На 4 април 2009 год, во Сиднеј, по 16ти пат се одржа традиционалниот Бизнис Бал "Македонска Трпеза", на кој Македонскиот Телефонски Именик ги доделува наградите "Македонско сонце" *Добитник на наградата "Македонско сонце" 2008 година од областа на бизнисот е компанијата "Гоод Гуѕс Банкстоњн", чии сопственик е Господинот Зоран Митровски.
Номинирани за ова високо признание беа и компаниите: "Романтика Флорал Десигн" на Госпоѓата Ратка Ристевска и компанијата "Д&А он сите сервицинг"во сопственост на Алекс и Дени Босиковски.

Зоран Митровски
*Македонскиот телефонски именик наградата "Македонско сонце 2008" од областа на општествените дејности, културата, образованието и спортот и ја додели на госпоѓата Олга Николовска за театарска дејност, а номинирани за ова високо признаие од оваа област беа и г-дин Сребре Деловски, интернационален фудбалски судија, како и малата Деспина Велеска, австралиски првак во карате (10-11год.)

Олга Николовска
*Добитник на наградата "Македонско сонце" 2008 година за животно дело му беше доделена на господинот Коста Шановски-Димитровски од Њоллонгонг

Коста Шановски-Димитровски
Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик додели и специјални признанија на бизнисмени кои се рекламираат 15 години во Именикот.