Добитници на наградата “Македонско Сонце - 2003"
Добитник на наградата "Македонско Сонце " 2003 година, за натпросечни резултати во областа на бизнисот е компанијата Буцхински Аццоунтинг Сервицес
Оваа компанија постои веќе десет години и од самиот почеток бележи непрестан развој и растеж. Денеска Бучински имаат две канцеларии во Бенкстаун и во Рокдаел и вработуваат дваесетина луѓе. Бучински обслужува 22 000 клиенти годишно и тоа низ цела Австралија, што е осум пати повеќе одколку обичен книговодителски бизнис. АТО потврдува дека оваа фирма е во првите 5% најмногу користени компании во Сиднеј. 80% од клиентите им се Македонци од Сиднеј, Канбера, Волонгонг и Мелбурн.Стручноста и знаењето на сопствениците на оваа компанија им овозможува да имаат широк круг на клиенти, мегу кои има и познати фудбалери, рагби играчи, радио и ТВ водители итн. Наташа и Илија помагаат и во македонската заедница спонзорирајќи ги македонските фудбалски тимови, десетина македонски радио програми, театри, а минатата година тие почнаа да спонзорираат и во Македонија. Минатата 2003 година Илија и Наташа на македонската заедница и подарија севкупно $320 000. Тие ја доделија и првата награда на Фудбалскиот Клуб "Сиднеј Македонија"-Хујандеи автомобил.Во секое македонско домаќинство е познато компанијата Буцхински Аццоунтинг Сервицес ,кои им стојат на располагање на сите Македонци со своето натпросечно знаење и умешност во областа на финансиското раководење и книговодителството.
Наградата “Македонско сонце"2003 од областа на културата, уметноста и образованието е Македонското литературно друштво" Григор Прличев" од Сиднеј
Веќе 25 години МЛД "Григор Прличев", ги зближува и афирмира македонските литератуерни творци во Австралија.Друштвото има постигнато извонредни резултати преку редовно организирање на традиционалниот награден конкурс за Прличевата награда. Друштвото успешно го издаваше и списанието за литература Повод (26 броја), како и формираше архив на заедницата и библиотека" Григор Прличев".Од 1984год до сега објавени се 34 наслови и тоа: Зборниците со поезија "Видици”и "Коти на копнеж и страст”,; Антологија со поезија Македонска поезија во Австралија; Површински корења; Оковано море”’ “ Преселба на запад”,’”Тодорка”, “Свитило”’ “Меѓу две огништа”, “ По патот на сонцето во Македонија” и “Македонија - моја татковина”од Иван Трпоски; драмите "Полна куќа"," Кажи му збогум на минатото " и "Цоле прај компо" од Благоја Нешковски; "Збогување и шумска свадба” од Горјан Маслинкоски;" Чувар на детските спомени "и "Време за спомен" од Бранко Наумовски; "Фрагмерти","Страдалници на сонот", "Копча "и "Жена - цвеќе" од Душан Ристевски; "Иднина-Небиднина" и" Проклета ноќ" од Перо Дамчевски-Коцин; "Атомски протест" од Јован Кокаловски; "Лирско ехо" од Лилјана Тошеска; "Фрагменти од една историја" од Џим Томев; "Доброволни затвори" од Олга Николовска; "Време течение" од Димче Џајковски; "Куќи за продавање и молитва"," Чаша вода во океанот"," Порака од сонот"и " И не како вејка на ветерот" од Вукосава Донева-Варколи; "Солзи, клетви и надежи" на Крсте Наумовски; и "Потомците на Александар Македонски "од Александар Донски.Моментално во друштвото членуваат 270 членови, од кои учествувале и на интернационалниот фестивал Струшки вечери на поезијата. Поетите Иван Трповски и Бранко Наумовски се добитници на највисоката меѓународна награда за литература "Иселеничка грамота", која ја доделува Матицата на иселениците на Македонија.
Добитник на наградата “Македонско сонце” за животно дело е Госпоѓата
ВУКОСАВА ДОНЕВА - ВАРКОЛИ
Артистката и поетеса Вукосава Донева е родена во Струмица. Има завршено Филозофски факултет. Од 1955 до 1957 година била член на Радио Драмата при Радио Скопје, а од 1957 до 1988 година била актерка во Драмата на македонскиот народен театар во Скопје. Во текот на театарскиот живот има реализирано значаен број ликови од најразличен жанр, а за улогата Хеда Габлер е добитник на наградата “13 Ноември”. Има реализирано седум самостојни проекти поезија и монодрама, со кои настапува во Македонија и во повеќе земји.Вукосава е Професор по сценски говор,преведувач,публицист... Член е на литературното друштво Григор Прличев од Сиднеј и на Друштвото на писателите на Македонија во 2001 година. Вукосава Донева со своја поезија е застапена во антологиските изданија: ”Бескрајно место” во 1998 год, ”Пламен во срцето” во 1999 год. и ”Спомените од милениумот” во 1999 год. , Коти на копне и страст” во 2003 година. Исто така е застапена со поезија во американската антологија ”Балади на нашите животи” во 2000 година, а две песни и се презентирани и на интернет. Во 2000 година Друштвото “Григор Прличев” и ја објави нејзината прва стихозбирка “Куќи за продавање и молитва”. Потоа следеа збирките поезија “Чаша вода за океанот”, во 2001 година, “Порака од сонот” во 2002 година и “И не како вејка на ветрот”во 2003 година.