Добитници на наградата “Македонско Сонце - 2002”
Добитник на наградата "Македонско Сонце" за натпросечни резултати во областа на бизнисот е компанијата "Лампарт Австралија", на Г-дата Јосиф и Вера Велковски

Вера и Јосиф Велковски
"Лампарт Австралија" веќе 26 години е семеен бизнис на господата Јосиф и Вера Велковски. Тајната на нивниот успех е силната етика, добрата комуникација и разбирањето за потребите на муштериите.
Потребите во нивната фабрика во Австралија им овозможува да бидат брзи успешни и да имаат екстремно добар квалитет на производите. Во нивната фабрика за производство на лустери, не само што произведуваат лустери туку прават и специјално производство на уникатни лустери. Нивно мото е дека Австралиско направен производ и е неопходен на Австралиската економија и е позитивен за вработување на повеќе луѓе. "Лампарт Австралија" во моментот има 30 вработени во Австралија, двајца претставници во странство, во Италија и Кина. Последните две години Лампарт е увозник на ексклузивни модерни лустери кои видно го променија правецот на неговото растење и развиток. Асортиманот на производите е поширок со што е задоволен и вкусот на потрошувачите. Само минатата година Лампарт оствари 30% повеќе профит одколку годината пред тоа. Минатата година го отворија и новиот изложбен салон во Миранда, а исто така почнaа да продаваат и производи на мало. За сопствениците на "Лампарт Австралија", Г-дата Вера и Јосиф Велковски, единствено мото е повторна средба со задоволниот муштерија.
Добитник на наградата "Македонско Сонце 2002" од областа на културата, уметноста и образованието е Г- ѓата Вера Бошевсa
Добитник на наградата "Македонско Сонце 2002" за животно дело е Госсподинот Драган Rазмовски