Добитник на наградата “Македонско Сонце - 2001” за натпросечни резултати во областа на бизнисот е супермаркетот “Tuckerbag”.
"MACEDONIAN SUN " 2001 WINNERS

Вера и Џејмс Здравковски
Во срцето на Сините Планини крај Сиднеј, во Спрингвуд се наоѓа супермаркетот “Tuckerbag”, кој веќе 11 години е во сопственост на господата Џејмс и Вера Здравковски.
Супермаркетот е дел од ланецот IGA супермаркети, а отворени се 12 часа, седум дена неделно.
Во својот состав “Tuckerbag” има продавница за овошје и зеленчук, месарница со свежо месо и сувомеснати производи, пекара, дел каде што се продаваат млечни производи, фрижидери со замрзнати продукти итн., со еден збор се продава се што може да се најде во една таква продавница.
Во “Tuckerbag” ќе најдете голем избор на производи од целиот свет, па и од Македонија. Минатата 2001 година “Tuckerbag” го зголеми својот профит дупло, а сопствениците Џејмс и Вера Здравковски својот имот го зголемија со купувањето на цела низа нови деловни објекти, во кои се сместени банки, продавници, пошта ...
Џејмс и Вера Здравковски, дел од својот капитал вложија и во Македонија, во саканата Битола. Само минатата година тие вложија повеќе од 2 милиони австралиски долари во деловен простор и објекти во стариот крај. Господата Џејмс и Вера Здравковски се чесни и вистински Македонци, чиј пример треба да се следи.
Ако случајно патот ве нанеси во околината на Сиднеј, во Сините планини, посетете ги Господата Џејмс и Вера Здравковски и нивната екстремно чиста и убаво уредена продавница - “Tuckerbag”.
Добитник на Наградата “Македонско сонце “ од областа на културата ,уметноста и спортот е Фудбалскиот клуб “Сиднеј Македонија”

Џорџ Џексон
Гордоста на Македонците во Сиднеј, Фудбалскоиот Клуб “ Сиднеј Македонија”, е формиран во 1973 година од група ентузијасти и љубители на фудбалот.
Оттогаш наваму нивниот успех е константен.
Во 2001 година Фудбалскиот Клуб “Сиднеј Македонија”, како феникс се вивнува од пепелот и с о нови сили, со извонредна тимска работа како на Управата, така и на играчите забележува натпросечен успех.
Имено Фудбалскиот клуб “Сиднеј Македонија” е примен во Премиер Лигата на НЈВ, а истата година ја завршија како победници на првенството во Супер Лигата. Во нивна чест Мајорот на Општината Бенкстаун, Господинот Дејвид Блејк приреди прием, на кој им ја врачи најголемата спортска награда на градот Банкстаун.
Минатогодишниот документиран успех на Сиднеј Македонија, покажува дека скромноста, вистината, добриот образован кадар, а пред се тимската работа под раководство на искусниот Педседател Џорџ Џексон го донесоа овој клуб повторно до славата. “Фалењето треба да дојде по добрите резултати” е мотото на Фудбалскиот Клуб “Сиднеј Македонија”.
Добитник на наградата “Македонско сонце - 2001”за животно дело е Господинот Бранислав Мусовски

Бaрнислав Мусовски
Господинот Брнислав Мусовски уште од самото емигрирање во Австралија се вклучува во активностите на македонската заедница. Неговата добротворна и доброволна работа е поттик за повеќе сонародници. Еве само дел од неговите активности:
-
Член е во одборот на ST GEORGE Migrant Resource Centre, каде што има работено како Претседател, секретар и благајник.
-
Член е во одборот на Македонското Добротворно Друштво каде што работи како благајник
-
Иницијатор и претседател на Македонското пензионерско друштво, претседател на Буковската ассоцијација во НЈВ
-
Благајник во одборот за организирање на деновите македонската култура во Сиднеј во 1986 и 1988 година
-
Aктивен член во повеќе македонски организации и одбори, добитник на повеќе плакети и признанија за неговата добротворна работа.