1. Јас сум Господ Бог твој, да немаш други богови освен мене.
2. Не прави идол или слика од она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата, под земјата, не им се поклонувај и не им служи.
3. Не го изговарај напразно името на Господа, твојот Бог.
4. Спомнувај си за денот на одморот за да го празнуваш, шест дена работи и сврши си ги сите работи, а седмиот посвети си го на Господа, твојот Бог.
5. Почитувај го твојот татко и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш долго на земјата.
6. Не убивај.
7. Не прави прељуба.
8. Не кради.
9. Не сведоци лажно против својот ближен.
10. Не пожелувај ништо што е туѓо.