Араванија
Тесто: 8 јајца; 8 лажици шеќер; 1 пакетче ванила; 8 лажици брашно; 1 пециво; 12 лажици гриз; Шербет: 900 гр. шеќер; 1 кесичка ванилин шеќер; 1 литар вода
Подготовка: Јајцата (треба да се на собна температура) заедно со ванилата и белиот шеќер пенасто се матат. Брашното, пецивото и гризот се мешаат во посебен сад и се додаваат во изматените јајца.
Смесата се истура во тепсија бр.30 или 32, која е подмачкана и посипана со брашно. Се пече на 190 степени, 20 минути и уште 5 минути на 180 степени. Се остава да се олади убаво. Откако тестото ќе се олади, се сече на ромбоиди или коцки. Се вари шербетот и веднаш додека е жежок, внимателно, се истура врз тестото. Араванијата се служи студена.
Крушевски целувки
Потребно е: 1 белка; 70 грама ситен шеќер или прав-шеќер и половина лажица оцет и прстофат сол;
Подготовка: Со миксер се матат сите состојки додека да се направи бела пена. Со шприц се формираат целувките на мрсна хартија и се сушат во фурната на 90 степени околу еден час. Потоа се оставаат да се оладат во полутворената фурна.
Струмичка баклава
Потребно е: 1 кг. кори; 500 грама ореви; 200 грама гриз; 150 мл сончогледово масло; 1 лимон; 1 ванила; неколку зрна мастик( кристали од мастик); За шербетот: 1,5 кг. шеќер; 1 лимон 1 ванила
Подготовка: Оревите се толчат, но се оставаат покрупни. Се потпечува гризот во обична тава, на ринглата. Откако ќе се олади во него се ставаат ванилата и истолчениот мастик. Се редат корите во тепсија бр. 32. Се ставаат три кори, се попрскуваат со гриз и со масло. Врз нив се става филот. Потоа секоја кора се попрскува со масло и се поросува со гриз. На секоја трета кора и се става од филот. Последните три кори само се попрскуваат со масло и се поросуваат со гриз. Баклавата се сече во вид на ѕвезда. Се прелива со стопен путер или со масло (ако е посна). Се пече на умерена температура додека да добие златеникава боја.
Оладената баклава се прелива со врелиот шербет. Баклавата треба да биде подготвена најмалку три дена пред да се служи.
Попарена торта 
Потребно е:
Подготовка: Јајцата и шеќерот се матат и во нив се додаваат другите продукти. Смесата се става во тепсија и се пече на 180 степени Ц. Кога ќе се олади, се сече на коцки. Оладената торта се полива со шербет. 2 чаши млеко со 2 лажици шеќер се вари колку да се растопи шеќерот. Со овој шербет се полева тортата. Одозгора се става кокос.
Тикварник
Потребно е:
Подготовка: Тиквата се лупи и омекнува на пареа. Потоа се гмечи тиквата се додава по вкус шеќер зависно од блажината на тиквата, ванила, и на крај во оладената тиква се ставаат полека 4 изматени јајца. Тикварникот се пече на 180 степени додека да се вцрви. Може да се јаде вака, но може и да на крај да се потури со запршка од малку масло со црвен пипер. Во овој случај се враќа во фурната за да се допече.
Специјален сутлијаш на баба ми
Потребно е:
Подготовка: Тиквичките се мијат и сечат ситно на коцкички. Се варат во пола вода со пола млеко и со 250 гр. ориз додека да се згусне сутлијашот. Се додава шеќер и ванила и се става во фурна да се потпечи.
Торта со рендани јаболки
Потребно е:
Подготовка: Смесата се меша убаво со миксер. Половината од неа се истура во подмачкана и набрашнета (покриена со хартија за печење) тепсија. Тортата се пече околу 20 минути. Се вади тортата од фурна и озгора се ставаат 5 рендани и исцедени од сокот, зелени јаболки. Врз нив се посипува остатокот од смесата. Се враќа тортата во фурна и се пече уште 40 минути. Кога е готова се сече на коцки и се посипува со
прав - шеќер.
Фурки
Потребно е :
Подготовка: Се матат јајцата и шеќерот се додава стасаниот квасец во нив и се става брашно колку да се замеси средно меко тесто. Се расукува кора, од која се сечат форми и се пржат во врело масло! Се посипуваат со прав- шеќер измешан со ванила!
Торта - Ефтинија
Потребно е:
Подготовка: Јаболките се мијат и брзо се рендаат за да не потемнат. Во изренданите јаболки се додаваат останатите состојки.се заедно убаво се меша и смесата се остава еден час во фрижидер да стои. Потоа оваа смеса се претура во подмачкана тепсија и се пече на 200 степени Ц. Се поросува со шеќер во прав.
Ботина баклава
Потребно е:
Подготовка: Се замесува меко тесто и се дели на три дела. Од секoј дел се прават по 15 мали топчиња. Се расукуваат во пречник од 10 цм. Сите 15 така расукани, се премачкуваат со масло , се посипуваат со многу нишесте и се редат едно врз друго. Потоа се оставаат да се одморат 15-20 минути. Се расукува голема кора и се става во подмачкана тепсија.Значи има три големи вакви кори. Помеѓу секоја кора се поросува со кристален шеќер и со гриз, се попрскува со масло и се додаваат толчените ореви. Откако ќе се нареди баклавата се сече на ромбоидни парчиња со остар нож. Се попарува со истопен путер и со остатокот од предвиденото масло. Баклавата се пече на 200 степени Ц. Се остава да се олади и се попарува со врел шербет. Шербетот се прави од предвидените состојки,се остава да поврие малку и на крај му се додава ванилата. Вака попарената баклава е вкусна за јадење дури по една недела откако ќе се попари. Не се расипува и во фрижидер може да стои подолго време.
Полнети јаболки
Потребно е:
Подготовка: Се загрева фурната на 180 степени Ц. Јаболките се мијат и се вдлабнуваат во средната. Се прави смеса од останатите продукти и со неа се полнат јаболките. Јаболките се редат во длабок сад, кој се полни со вода до половина. Врз секое јаболко се става по една лажичка од подготвениот путер. Се печат околу еден час.
Пијани слатки
Потребно е :
Подготовка: Се замесува десто од брашното, гризот, пивото , маслото и прашакот за печиво. Се прават топчиња , кои се обликуваат во долгнавести слатки. Во нив се става јатка од орев. Се печат на 180 степени Ц. Кога ќе се оладат се попаруваат со шербет и се препелкаат во кокос. Повкусни се после неколку дена.
Ролат со рогушки
Потребно е:
Подготовка:
Визитарски топчиња од баба ми
Потребно е:
Подготовка: Се ставаат водата и шеќерот да зовријат на тивок оган. Се додава путерот и се меша се додека да се растопи. Потоа се додаваат сусамот, шеќерот во прав и мелените бисквити. Се формираат топчиња во кои се става потпечен лешник. Се препелкаат во кокос и се оставаат лесно покриени со фолија да се потсушат на собна температура неколку дена.
Роденденски коцки
Потребно е:
Подготовка: Прво се вари пудингот и се остава да се излади. Во изладениот пудинг се додават 100 грама бело чеколадо и шарените зрнца. Добро се меша смесата. За да се добие формата на коцки се користат калапи од силикон. Тие можат да бидат во форма на коцки или во некоја друга форма. Калапот се премачкува со растопено бело чоколадо во неправилна форма или шарка, се остава во фрижидер 15 минути. Потоа врз него се премачкува со дебел слој на црното чеколадо и повторно се остава во фрижидер. Потоа, оладени, формите се полнат со филот. Одозгора се полива остатокот од црното чеколадо во дебел слој и се ставаат во фрижидер, пак, добро да се оладат.
Посни ванилички
Потребно е:
Подготовка: Се мешаат брашното оревите и шеќерот во прав. Се загрева маслото додека да зоврие и се истура во сувите состојки. Се меша со лажица. Кога оваа смеса ќе се олади тестото се меси со рака и се расукува во кора, од која се вадат облици со модлички. Колачињата се редат во тава за печење и се печат на 180 степени, додека да се вцрват. Уште додека се топли ваниличките се мачкаат со мармалад, се лепат и се препелкаат во прав шеќер.
Брза араванија
Потребно е:
Подготовка: Се матат јајцата и шеќерот како за торта. Откако ќе се изматат убаво, во нив се додаваат другите состојки и убаво се меша смесата, која се истура во пдмачкана и посипана со брашно тепсија бр.30. Фурната не се загрева предвреме. Тепсијата се става во фурна и фурната се уклучува на 180 степени. Откако е испечена араванијата се осдтава да остине. Се попарува со врел шербет. Се служи ладна.
Баклава со џем од јагоди
Потребно е:
Подготовка: Во сад се мешаат оревите и џемот од јагоди. Се става една кора која сер попрскува со масло или маргарин и се поросува со гриз. Врз неа се става другав кора и постапката се повторува. Врз втората кора на еден дел се става од филот и корите се виткаат како ролат. Кога сите ќе бидат готови се сечат на подолги парчиња и се печат во загреана фурна на 180 степени, окоу 40 минути. Баклавата изладена се попарува со топол шербет.
Сусамки
Даница Велјанчевска од Hurstville
Потребно е:
Подготовка: Путерот се мати со шеќермногу убаво. Се додаваат во него едно јајце, една екстра жолчка , потребното млеко, ванилата и прашокот за печење.Се додава и брашното и смесата убаво се меси. Се расукува кора и со модла или со чаша се вадат колачињата во форма на полумесец. Полумесечинките се валкаат во изматената белка од јајце и потоа се препелкаат во сусам. Се печат во загреана фурна , на 180 степени Ц.
Бети - торта
Потребно е:
Подготовка: Основата за тестото се става во блендер и се дроби во мазна смеса. Се реди во пригодна , длабока, но мала тепсија. Се тапка убаво. Потоа се ставаат во блендер состојките за филот. Две третини од oвие состојки, кои се мазна смеса , се ставаат врз основата во тепсијата. Во остатокот од смесата се става ситно овошје: боровинки, капинки или малинки; се дроби во блендерот и се става како трет слој врз тортата. Тортата се става во фрижидер да отстои и се служи ладна.
Непечени сурови топчиња
Потребно е:
Подготовка:
Оревите и бадемите се мелат. Смоквите и урмите се ставаат во блендер, им се додава една чаша вода и се дробат. потоа сите состојки се додаваат и добро се меси смесата со раце. Се прават мали топчиња и се препелкаат во кокос. Содржат многу магнезиум и калциум, затоа се здтави за јадење.
"Ротела" - еурокрем со природни состојки
Потребно е: 
Подготовка: Во голем миксер -бленда може да се стават заедно сите состојки и да се измешаат. Но, може и посебно: прво се мелат лешницитe, па им се додаваат авокадото и урмите. Потоа и другите состојки и се заедно се меша со миксер. Се служи со банани, како појадок. Содржи многу корисни протеини коисни за мозокот, како и природен шеќер.
Локум – слатки
Потребни Состојки:
Начин на спремање:
Се сече локумот на 4 дела, надолжно. И корите се сечат надолжно. Значи од секоја кора се добиваат два дела. Кората се попрскува со масло, се поросува со мелените ореви, а на долниот крај се става локумот. Се завиткуваат краевите навнатре и целата кора се витка во ролат. Одозгора се премачкуваат со масло и се печат на умерена температура. Кога се печени слатките се препелкаат во прав -шеќер.
Фил за обланди
Потребни Состојки:
Начин на спремање:
Млекото, чеколадото и путерот се топат. Во нив се додаваат останатите состојки. Филот треба прво да се олади, а потоа со него се мачкаат обландите.
Торта „Зебра“
Потребни Состојки:
Начин на спремање:
Најпрво се подготвува течната смеса. Сите состојки (шеќерот, маслото, млекото, јајцата, ванилата) се ставаат во сад и рачно се мешаат додека шеќерот да се раствори. Оваа смеса се дели на две еднакви дела. Во друг сад се мешаат брашното и прашок за печење за да се добие светлото тесто. Во неа се додава едната половина од течната смеса и се меша додека се добие мазно тесто, погусто отколку за палачинки.
Во третиот сад се меша брашно, прашок за печење и какао за да се добие темното тесто. Се препорачува смесата од брашното и какаото да се пресеат за да нема грутчиња, особено од какаото. Во неа се додава втората половина од течната смеса и се меша додека се добие хомогено, исто така, течно тесто. Следи најважниот дел за да се добие шара која наликува на зебра. Округлата тава се подмачкува и се посипува со брашно. Се зема една лажица од светлото тесто и се истура точно во средината на тавата, потоа се црпнува една лажица од темното тесто и се истура одозгора врз белото тесто. Така се постапува додека да се потрошат двете теста. Пожелно е ова да се прави бавно за да може нанесеното тесто малку да се разлее. Кога ставате од втората смеса врз првата за да се добијат поубави кругови, вртете ја лажицата над тестото.
Се става во згреана рерна на 180° С и се пече.
Божилак торта
Потребни Состојки:
За една кора потребно е:
Се печат вакви седум дела секоја обоена со боите на виножитото.
За ванила кремот потребно е:
Начин на спремање:
Белката се двои од жолчката, се мати убаво со солта, се додава жолчката, а потоа и шеќерот. Откако ќе биде убаво изматено, постепено се додава брашното и прашокот за печиво, а на крај путерот и ванилата. Постепено се додава од бојата додека не се добие саканата нијанса.
Смесата се префрлува во калап за торта покриен со хартија за печење и се пече на 150 степени, околу десетина минути. Постапката се повторува 7 пати, во седум бои.
За подготовка на филот треба да се свари пудинг на вообичаен начин. Се покрива со најлон фолија и се остава пудингот комплетно да се олади.
Путерот се мати пенасто со миксер и потоа се мати заедно со оладениот пудинг. Со овој фил се филуваат корите, а после секоја кора благо се притиска за подобро да се спојат слоевите. Тортата може да се украси со шлаг.
Крофни
Потребни Состојки:
Начин на спремање:
Квасецот се растопува во малку млако млеко, се додава 1 лажица шеќер и се остава на топло место да стаса. Жолчките се матат со путерот и постојано мешајќи се додава остатокот од шеќерот, квасецот, млекото, румот, брашното и малку сол. Тестото се остава на топло место додека двојно не нарасне (околу 1 час). Тестото се става на набрашнета даска и се расукува кора во дебелина од 1см. Со калап или чаша се вадат крофни и се редат на маса или друга рамна површина. Се одмараат уште половина час. Маслото се загрева . Крофните се спуштаат во врело масло така да горната страна на крофната да плива во маслото. Се пржат затворено и кога ќе поруменат од едната страна, се вртат на другата. Готовите крофни се посипуваат со шеќер во прав помешан со ванила.
Кокос – баклава
Потребни состојки:
За шербетот:
Начин на спремање:
Се мешаат сувите состојки заедно во еден сад. Се зема по една кора - се попрскува со малку масло( 1-2 лажици), врз неа се става втората кора, се попрскува со масло, се посипува врз неа од сувите состојки, врз неа се става третата кора, се попрскува со масло, исто така на оваа кора се става од сувите состојки. Се мота во ролат и се реди во неподмачкана тава.Така се постапува со сите кори додека се потрошат. Вака подготвената баклава се сече на еднакви парчиња. Остатокот од маслото треба да се загрее добро и со лажица внимателно се полива целата баклава. Се пече на 200 степени. Шербетот се вари додека да се згусне, но да не биде многу густ. Печенета, топла баклава се полива со врелиот шербет притоа се остава 1/3 од шербетот, кој се враќа повторно на оган за да поврие уште малку. Врз баклавата се ставаат тркалцата од лимон и се попарува со остатокот од шербетот.
Мафини од белки
Потребни состојки:
Начин на спремање:
Се мати шлаг од белките и шеќерот. Кога е цврст, во шлагот се додаваат другите состојки и смесата се меша со дрвена лажица. Потоа се истура во калапот за мафини и се пече околу 20 минути. Наместо џем, може да се стави чеколадо.
Песок торта
Потребни состојки:
Начин на спремање:
Четирите пакетчиња пудинг се варат во еден литар млеко. Пудингот се лади и во него се додава пенасто изматениот путер.
Смесата се дели на три дела. Во едниот дел се додава кокос, во другиот ореви, а во третиот мелени бисквити. Треба да се додадат доволно состојки, за пудингот да биде доволно цврст.
Во соодветен сад во кој ќе ја служите тортата се става прво пудингот со бисквити, врз него кремот со кокос, а на крај пудингот со ореви.
Се мати шлагот и се премачкува тортата од сите страни.
Гужвана баклава
Потребни состојки:
За шербетот:
Начин на спремање:
Јајцата се матат пенесто со шеќерот, се додаваат постепено другите состојки и се формира смеса како каша. Од смесата се земаат по три лажици и се прска една кора, која се гужва со двете раце , како хармоника и се реди во редови, во подмачкана тава. Истата постапка се повторува со сите кори кои се поместуваат кога се става секоја наредна кора додека да се потрошат. Се пече на 180 степени околу 20-25 минути.
Шербетот се прави 3-4 часа порано, зашто треба да биде ладен. Состојките за шербетот се мешаат заедно и се варат околу 20-25 минути.Топлата баклава се прелива со ладен шербет.
Колачиња - смокви
Потребни состојки:
За тестото:
Фил:
Начин на спремање:
Маслото и водата треба да зовријат и во нив се става брашното , прашакот за печиво и ванилата. Се прават мали топчиња кои се расплескуваат со рацете и се полнат со фил, а потоа се собираат и се формираат да изгледаат како смокви. Се редат во тава и се печат на 180 степени Целзиусови. Кога се готови се валкаат во прав- шеќер.
Бајадера торта
Потребни состојки:
Начин на спремање:
Првата смеса се подготвува така што сите состојки се мешаат и на крај се додава 1/3 од убаво изматен путер. Оваа смеса се остава во сад со рамно дно кој е обложен со најлон – хартија. За втората смеса се мешаат мелените ореви и шеќер со млакото млеко и се додава втората третина од убаво изматениот путер. Оваа смеса се нанесува врз првиот дел.
За третата смеса се варат млекото и шеќерот , заедно со двата пудинга, а кога ќе се оладат пудинзите, во нив се става последниот дел од путерот и убаво се меша оваа смеса, која потоа се нанесува како последен слој врз тортата. Оваа смеса се нанесува над вториот дел и најгоре се ставаат два убаво изматени шлага. Тортата се остава да се стегне малку во фрижидер. Кога е здрвена се вади од садот, се става на украсна чинија и се мачка со шлаг.
Брза непечена торта со крем банани
Потребни состојки:
Начин на спремање:
Во сад се ставаат мелени бисквити, шеќер, путер, кокосово брашно, мелени ореви и сок од портокали и со лажица убаво се меша целата смеса. Половината од смесата се става и се расплескува на чинија во која ќе се сервира тортата и врз неа се редат крем банани со рамната страна нагоре и се втиснуваат малку во смесата. Врз крем бананите се нанесува останатата смеса. Шлагот се подготвува според упатството со 100мл млеко и се украсува одозгора целата торта. Многу е вкусна и брзо и лесно се прави.
Торта со јаболки
Потребни состојки:
Начин на спремање:
Јаболките се лупат и им се отстрануваат семките и рачките. Се сечат на половина. Во тркалезната тава се става половина од шеќерот, се цеди лимонот и се редат јаболките претходно намачкани со малку рум за вкус. Врз нив го наросуваме преостанатиот шеќер. Вдлабнатините на јаболките се полнат со оревите и им се става ванилин шеќер. Тавата се става во фурна и јаболките се печат околу 20-30 минути на 180 степени.
Во друг сад за матење се ставаат јајцата, се додава шеќерот и се мати убаво со миксер. Се додава брашно, прашак за печиво, масло и млеко и сета смеса се меша со дрвена лажица додека да се соедини. Со ова тесто се прекриваат печените јаболки во тавата и тавата се става повторно во фурна. Тортата се пече уште 25 минути на истата температура. Печената и малку разладена торта се превртува на рамна чинија и се украсува одозгора со изматениот шлаг.
Шепи колачиња
Потребни состојки: 3 јајца, 3 чаши брашно, 3 чаши селф рајсинг брашно,1 чаша шеќер, 1 прашок за печиво, ванила, 170 гр мелени ореви, 350-400 гр маргарин, изрендана кора од лимон.
Начин на спремање: Смесата убаво се меша и се зема по малку од смесата и се става во модлите кои се внимава да се наполнат до половината на секоја модла. Шепите се печат околу 10-15 минути и уште топли се валкаат во ситен шеќер.
Лесна Шарена торта
Потребни состојки:
Начин на спремање:
Јајцата и шеќерот се матат пенасто во поголем сад. Кога се добро изматени во нив се додава масло, кисела вода, прашак за печиво, ванилин шеќер и брашно. На крајот се додава ситно изрендана кора од лимон и повторно се меша да се изедначи целата смеса.
Во подмачкана и набрашнета, правоаголна тава се става 2/3 од смесата. Во преостанатата смеса се додава какаото и повторно со миксерот се меша смесата убаво за да се изедначи. На неколку места од претходната смеса ставаме од кафеавата смеса и со лажица ја шарaме тортата во тавата. Тортата ја печеме во убаво загреана рерна на 180 степени. Оладена, тортата се сече на коцки и се сервира.
Мерак – кифли
Потребни состојки:
За тестото:
За филот:
Начин на спремање:
Путерот треба да се размекне. Во него се додаваат жолчките и брашното. Се меси и се остава да отстои 15 минути. Потоа тестото се дели на 50 мали топчиња, кои се оставаат покриени во фрижидер најмалку 2 часа, а може и преку ноќ. Кога е готово тестото, се остава да постои на собна температура ½ час, потоа се сукаат мали правоаголници и се филуваат со филот направен од изматените белки со шеќер, во кој се додадени мелени ореви. Се виткаат ролатчиња, се печат на умерена температура. Кога се готови се посипуваат со шеќер во прав.