MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Зародишник на столетието
 
 

ЗАРОДНИШНИК НА СТОЛЕТИЕТО
 

На 22 Јули 356 год. пред Христос, во главниот град на кралството Македонија, Пела, се роди Александар ИИИ Македонски познат како Велики, Искендер, Гулалкарнанин, Сикидер, Мукдон. Тој е син на “најголемиот маж на Европа”, Филип ИИ Македонски. Атинскиот државник, оратор Демостен, во својата Филипика ИИИ, 31 глава, според превод од оригинален старогрчки вели: “ Не само што не е Хелен, ниту не е во никакво сродство со Хелените туку е ништозен Македонец”. Слично на него говори и стариот Сократ, кој во својот 108-109 говор вели дека Филип не е од Хеленска Племенска припадност.

Имено е син на Аминта Александров, кој се верува дека е од Охрид односно од Требениште, каде што е најдена плоча со натпис “ Аминта Александров Хаире”, а е историски посведочено дека е син на Евридика од Битола односно од Линкестида каде што е подигнат градот Хераклеа. За синот на македонецот Филип, познатиот Александар ИИИ нема изворен материјален доказ дека самиот или некој друг современик го нарекол Хелен, за што се шпекулира во поново време.

Александер Македонски е зародишникот на современието и толкувач на тогашната македонска филозофија загледана на светот како макро и микро космос наспроти хеленската филозофија за идеал со видник до градските ѕидини на “полисот” (град - дражава) во рамките на кои ке владее правдина. Александар прв создаде хипотетичен обединет свет во кој секој ке има свои права по сопствен избор, власт, религија, монетарен систем, економија, колективна одбрана, заеднички јазик за меѓусебно разбирање ( “коине”), заедничко писми и слично.

Преку неговата огромна империја се кодифицира правото, обедини културата, надоврзаа науките и создадоа услови за поинакви погледи на светот, кој во крајна линија по 170 годисни Римско македонски војни преку Рим се пренесе во Европа.

Александер ИИИ е 22-от историски посведочен македонски крал почнувајки од Каран (825, односно 814 година пред Христос). За време на вториот македонски крал, Коин, основана е Атина како градче (776 година пред Христос) а за време на четвртиот крал е основан и Рим (753 год, пред Христос).

Од тоа произлегува дека Македонија е најстара држава во Европа а нејзин обединител бил Пердика (720 год.пред Христос) кој престојувал како македонски крал во Лебеја во Горна Македонија. Александар ИИИ почина на 13 (10) Јуни 323 год. пред Христос во Вавилон и неговиот гроб се уште не е откриен. Со името Александар имало петмина македонски кралеви и Херодот кој пишувал за Александар го нарекува Македонецот. Тој како сојузник со Персија се послужил со дипломатска итрина спроти битката кај Платеја и подоцна бил дури и добротвор на Атина, за кое е наречен Филелин, односно лубител на Хелените.

Со него се правени разни шпекулации. Во врска со Александар и неговото потекло, сепак постојат многу евиденции и документи кои укажуваат дека тој бил горд Македонец кој сакал да ја освои Азија, а преку неа да го освои и целиот свет. Неговиот идеал бил да се зближат сите народи кои би живееле во мир и меѓусебна соработка.

Иако умре млад, на 33 годисна возраст, тој остана вечно да живее како крупна историска личност. Сите ние можеме да се гордееме што Македонија имаше таков крал.