MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Да се биде македонец е света рабта
 
 

Да се биде Македонец најпрвин е света работа

Да се биде Македонец најпрвин е света работа, а дури потоа проклетство и немир.
И не сме Македонци само затоа што зборуваме на македонски, и не сме Македонсци само затоа што пишуваме на Македонски, и не сме Македонци затоа што пееме на Македонски, и не сме Македонци затоа што сме распарчени на Македонски – Македонци сме најмногу затоа што сме страдале и затоа што треба да се обединиме на македонски.

Никогаш не и се израдувавме на Татковината: Со едната рака ја ораме, со другата ја браневме. и до ден денешен ја немаме целосно и асолно одбрането…

Не знаеме ни кое поле и ја раѓа најкласната пценица, ни кој присој и го носи најсочното грозје, ни во која ливада можеш оро да извиеш, а дане се сопнеш од гроб…

Но сепак, прекрасно ми е што сум Македонец и што сум жив нишан во светот. Што можам да одам и да зборувам за маките на мојата древна татковина, да одам да зборувам и да му кажувам на светот дека сме биле делени- пределувани, парчени – распарчувани, клани, драни, печени, варени и што усте не ???

Што е праведниот Ное мегу луѓето- тоа сме ние Македонците мегу народите.

Ускратено ни беше и пак велевме: “Голем е Господ”. Одземено ни беше и пак велевме: “Непогрешлив е Господ”.

Патот до едно мало парче слобода го искупивме со најмилите и најумните глави. Нашата земја раѓаше и Комити и Војводи и Партизани и уште многу горди и храбри Синови ке роди. И во сон не помислувајте дека Македонија не е земја на слободата, дека не е нива на лубовта, дека не е поле на верата. Замислете си ја само за миг, замислете си ја онаа недобројна војска македонска: крстот ни е главното оружје, патот и е Исус Христос – Мир на земјата и мегу луѓето добра волја.

Ете затоа ние Македонците денеска мислиме дека ниеден народ, ни една нација, ни една земја не можат и не смеат да бидат прекројувани како шамивче. Премијата што ја добија алчните Балкански дрзави на 10ти Август 1913 година крваво ја плати Македонија.

Но историјата никогас нема да им го прости тоа. Еден ден когаш-тогаш, така неочекувано, но ќе мораат да ги исплукаат насила грабнатите залаци, во кој бездруго ќе им останат и забите. Ни еден судија не е толку токен како совеста.

Македонија од памтивек била наша- само на Македонците и наша ке остане до небиднина. Со илјадници години ќе ги симниме сите бели знаминја, сите симболи на предавството и ќе ги искинеме, зашто историјата продолжува, победата трае, а обединувањето на Македонија се движи кон неа.

И затоа “На многаја лета, На многаја лета древному народу, македонскому, На многаја лета обесправеному народу македонскому… На многаја лета божјему народу обесправеному…

На многаја лета благославеному народу македонскому…

На многаја лета бесмртному народу македонскому…

Извадок од монодрамата  “Поделбата на Македонија”, во изведба на артистот Петре Темелковски.)