MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Свадбени обичаи
 
 

Македонски свадбени обичаи

Moмa ce од мајка делеше
 
    
Меѓу македонските народни обичаи посебно разновидни и значајни се оние поврзани со трите важни моменти во животот на човекот: раѓањето, свадбата и смртта. Во нив пак со својата впечатливост се одделуваат обичаите поврзани со свадбата, групирани во неколку целини според времето кога се изведуваат пред свадбата, на самиот ден на свадбата и по свадбата.
Повеќе сведоштва од минатото зборуваат дека изборот на брачниот другар го вршеле родителите. Најчесто се тргнувало од материјалната положба на семејството, угледот, се гледало да е од оџак, итн... И кога се работело за избор на идната невеста се водело сметка таа да е здрава за да донесе на свет нормален пород,што претставувало продолжување на семејната лоза, но и да е способна за работа зашто претставувала значајна работна сила во семејството. Затоа девојките познати како работливи, но и оние од познати и почитувани семејства биле на повисока цена.

Во минатото често се случувало момчињата и девојките да се свршат без тие меѓусебно да се познаваат. Во други случаи младите се запознавале и бендисувале на зедничките домашни и полски работи, на празниците , на оро, на панаѓури итн...Се случувало момчето и девојката сами да го извршат изборот, некогаш и наспроти волјата на родителите. Тогаш девојката бегала во домот на момчето и била наречена бегалка, а ваквите случаи поради тоа што го привлекувале вниманието на околината влегле и во народните песни:"Ори Пембе ,Бело Пембе",/што ти текна да побегнеш./ноќно доба пред вечера-пее народната песна. 


Дарови невестински

 Порано свршувачката се правела со стројник дури и тогаш кога младите сами се бендисувале. За стројник се одбирал човек кој знаел добро да зборува зашто тој требало да го фали момчето, но и куќата од која што тој потекнува , да ги истакнува добрите особини, домаќинлакот, честа, богатството на куќата итн...Откако ќе ја добиел согласноста од родителите на девојката каде што ја озаконувале свршувачката со размена на нишани, со договор за свадбата и други поединости. Во овие предсвадбени обичаи важно место има и стројот.Кузман Шапкарев сведочи дека по селата малиот строј го нарекувале уште и рака фаќање, а во Кукуш и Костурско постоел голем армас и мал армас.
Стројот е свечен чин на кој учествуваат многу повеќе лица отколку на свршувачката. Потоа започнуваат подготовките за свадбата која некогаш се правела по неколку месеци, а некогаш по една или две години.

За тоа време мајката од момчето , со неколку блиски роднини, ја посетувала свршеницата неколку пати во текот на годината, на поголемите празници(Бо‘ик, Велигден, проштени, поклади...) и носела подароци. Овој обичај се вика носење или праќање лазара. 

Иако подготовките за свадбата започнуваат веднаш по Свршувачката (подготвување дарови, плетење, везење и сл..) сепак поинтезивни се неколку дена, недела или две пред свадбата. Треба да се каже дека свадбата во целина представува вистинска народна драма, зашто ако се земат предвид сите активности, особено богатите обичаи, ќе се види дека се работи за точно одредени улоги на учесниците во свадбениопт церемонијал за дејствија однапред планирани до најситни детали. Во таа смисла се и големиот број песни кои се директно врзани за обичаите и се во нивна функција.


Китење на картата

Во деновите непосредно пред свадбата се изведуваат повеќе обичаи што имаат цел да ги заштитат младите од разни магиски дејствија и други опасности, но и по принципот на хомеопатската магија да им обезбедат љубов, долг живот, здрав пород, почитување во кругот на семејството. На една недела пред свадбата се бере папрат со кој се постила просторијата во која ке бидат сместени младите.

Неколку дена пред свадбата со разни обичаи се изведува сеењето на житото, плетењето на младоженската постела, плетењето на венците за зетот и невестата, замесување на обредниот леб т.н. сваќа, кој се месел и во домот ма момчето и во домот на невестата, китењето на бајракот, китењето ( ружењето ) на картата за канење на сватовите и слично.

Многу од овие обичаи ги започнува машко дете со живи родители, за врз принципот на имитативната магија и младата брачна двојка да има повеќе машки деца или барем првото да е такво зашто претставувало продолжување на семејната лоза. Со многу внимание било проследувано снабдувањето на прехрамбените артикли за свадбата, особено свечено и весело било при преточувањето на виното. Проследено со многу магиски дејствија било обредното бричење на зетот, зашто се сметало дека од тој момент тој се отклонува од родителите и се приклонува кон невестата, како што се пее во песните: "отклони се од татко, од мајка,/ приклони се кон млада невеста".

Од другите обичаи што се изведуваат непосредно пред свадбата треба да се споменат и китењето на куќата, правењето сеница, китењето и носењето на бравот, пристигнувањето на свирачите , променувањето на зетот, канењето на мртвите, требењето јарма, канењето на кумот и други. Интересен и важен обичај е одењето на вода на вода вечерта спроти свадбата кога кај невестата доаѓаат деверите на момчето, девојки, невести и деца со запалена борина или со фенери ја носеле невестата на вода на три чешми. Идната невеста земала вода од три чешми во устата и така молчејќи ја носеле дома. На чешмата се здружувале стомните на момчето и невестата и тоа се сметало за нивно симболично започнување на заеднички ‘ивот. Со водата донесена од трите чешми девојката се миела глава и со тоа последно миење во татковата куќа се смета дека започнува и нејзината разделба од најблиските и започнување на нов живот.


Тргнување на сватовите
 
Посебна целина преставуваат обичаите што се изведуваат на самиот ден на свадбата од тргнувањето на сватовите по невестата до враќањето заедно со неа во домот на момчето. Пред тргнувањето по невестата се водело сметка да се остави некој да ја чува куќата најповеќе од маѓија. Пред тргнувањето стариот побратим го симнувал бајракот и му го давал на бајрактарот, кој бил качен на коњот и подготвен за тргнување.По нив оделе свекорот и свекрвата и другите сватови. Свекорот носел дисаѓи со обредниот леб, а свекрвата во торбата ги носела подароците за невестата: огледало, чешел, павти, мирис, прстен и др. По нив оделе свекорот кумот и старосватот, а најпосле тапанџиите- свирачите.

Во Разлошко-Пиринска Македонија, пред да тргнат сватовите свекрвата по нив трипати фрлала со пченица што ја носела во решето, а во Мариово најпрво изигрувале неколку ора, потоа се качувале на коњите кои биле накитени со веленциња, килимчиња и сл. а пред тргнување свекорот фрлал преку нив сребрени пари за да бидат здрави како среброто и шеќерчиња за да им биде благ брачниот живот.
Кога ќе прибли‘еле до куќата на невестата се одделувале муштулќиите, ги бодинале коњите, први стигнувале во домот на невестата за да јават дека сватовите се близу, но и да разберат дали тука се е подготвено за нивниот пречек. Овие неколкумина коњаници, чиј број секогаш бил непарен, имале цел да видат и дали патот е безбеден зашто во минатото свадбените поворки често биле напаѓани од арамии. Муштулуците пукааат со пушки и за да ги разбркаат лошите духови за кои се верува дека особено се присатни околу зетот и невестата.

Во домот на невестата сватовите ги пречекуваат чекачите, роднини на невестата кои ги поздравуваат, ги сместуваат коњите и се грижат се да биде но најдобар ред. Со посебно внимание бил пречекуван зетот кого го придружувале неговите побратими. Него го пречекувал шурата и го дарувал со риза. Зетот притоа му подавал јаболко со втисната метална пара, на кое шурата втиснувал уште две такви пари и пак му ги вракал на зетот, кој го чувал до првата вечер кога го јаделе јаболкото заедно со невестата за среќа и единство.


Зетот и побратимите

 

 Во невестинскиот дом додека траела свадбата се изведувале многу обичаи. Со шеги, весело расположение и со многу песни биле придружени бакнувањето рака од страна на зетот како и од невестата, менувањето на обредната погача - сваќа и сл. По заигрувањето на сваќата сите се грабале да земат дел од неа. Особено момчињата и девојките верувале дека ако каснат од сваќата по нив ќе трчаат како што трчаат по сваќата. 

 

Сепак во домот на невестата се чувствувала извесна тага поради заминувањето на еден член од семејството, а таквата атмосфера достигнува кулминација кога невестата ја изведуваат и ја качуваат на коњот.Коњот, до прагот, го доведувало машко дете со ‘иви родители, а на тргнување свекорот преку невестата префрлал шеќер, суво грозје, леблебија, за да младите бидат благи еден на друг и да се сакаат.

Со многу обичаи и магиски дејства, песни и веселби е проследен чинот на пристигнивањето на невестата во домот на момчето. Невестата била пречекувана од свекрвата која на главата носела сито со погача и бокал со вино во десната рака. Во домот на момчето невестата ја удирале со главата во оџак, за да се вр‘е за огништето на куќата, за да биде добра домаќинка, а потоа на ношвите засевала брашно и засукувала што исто така има симболично знаење. Во оваа прилика се изведуваат и многу други обичаи како што се оние со венците, гувеењето, момчето ја попрскува невестата со вино од устата, невестата во скутот држи машко дете, свекрвата ја заранува невестата со леб и шеќер што претходно ги заџвакала итн. Многу од овие обичаи имаат цел да обезбедат магиска заштита на зетот и невестата., но и да иницираат здравје, плодност, долг ‘ивот.


Венчавка

Важен момент за идниот живот на младите претставува венчавањето. Во некои места невестата откако ќе ја земеле од нејзиниот дом ја носеле во црква на венчавање, а во други овој чин се изведувал следниот ден во понеделникот, исто така со многу обичаи, песни и веселби. За венчавање, на невестата и ги одврзувале сите јазли, за да биде одврзана, што значи плодна. Од другите обичаи во овој свадбен ритуал треба да се споменат и прославувањето на чедноста на невестата, носењето на невестата на чешма , со што свадбата завршува. Од посвадбените активности активности важни се и двете првичиња. На неделата по свадбата зетот и невестата, а следната недела тоа го прават родителите и роднините на невестата кои исто толку свечено доаѓаат на првиче кај зетот. Да биде човек поканет на првиче се сметало за голема чест зашто на оваа свеченост приствуваат само најблиските роднини и пријатели. Мо‘е да се заклучи дека стапувањето во брак претставува важен момент во животот на секој човек поради што свадбените свечености се толку спектакуларни.