MACTEL.COM.AU
 
Home Page »
 
Сукано и месено
 
Зелник со праз
Потребно е:

  • 2-3 страка праз;
  • 1-1.2 кгр брашно;
  • 2-3 јајца;
  • млака вода

Подготовка: Празот се сече ситно, се посолува и се гмечи со раце. Во една чаша се замесува едно пакетче квасец, 1 лажица шеќер, со млака вода и 1-2 лажици брашно и осатава да стаса. Од брашното и квасецот се замесува средно меко тесто со млака вода. Од ова тесто се прават 10 топчиња. Се зема едното топче, се расукува и се мачка со масло. Над него се става уште едно расукано топче и така двете заедно се ставаат настрана. Се продолжува така и со другите топчиња, значи вкупно добиваме 5 кори. Се покриваат со најлонска фолија и се оставаат да се одморат околу половина час. Првата кора се расукува да  биде поголема од тепсијата во која зелникот ќе се пече. Се попрскува со масло. Потоа се зема и втората кора која се расукува колку што е тепсијата и се става врз првата. Се постапува така и со третата кора и се попрскува со масло. Се распоредува празот над третата кора и врз празот, со лажица се полеваат изматените јајца. Врз филот се става четвртата кора. Последната кора се расукува малку поголема од тепсијата и се става одозгора но  притоа се набира. Од страните на тепсијата од тестото се прави витка и целиот зелник се пропрскува со масло. Пред печење се боцка зелникот со остар нож или вилушка. Се пече на 180 степени Ц. Готовиот зелник  се прска со малку вода, се покрива со крпа и се остава да постои, пред да се служи.

Посна погача

Потребно е:

  • 1 кгр брашно, квасец,
  • 500мл кисела вода,
  • 3/4 филџан масло, сол, шеќер.

Подготовка: Квасецот се замесува да стаса со млака вода и малку шеќер. Од останатото брашно се меси меко тесто со другите состојки и се остава да стаса на топло покриено со најлонска фолија или крпа. Се формира погачата. Од тестото се зема малку и прави крст или плетенка и украсува одозгора погачата. Се остава да стаса. Се премачкува со масло и се поросува со сусам.

Погача со сирење
Потребно е:

  • 1 кгр брашно,
  • квасец,
  • 3 јајца,
  • 500 мл млеко или јогурт,
  • 3 филџани масло,
  • сол, шеќер, маргарин,
  • бело сирење,
  • јајце за премачкување,
  • сусам.

Подготовка: Квасецот се замесува со малко брашно , шеќер, млака вода и се остава да стаса. Во поголем сад се става брашното, јајцата, маслото и со млако млеко се замесува помеко тесто. Се остава тестото половина час да стаса. Од тестото се прави голема кора која се премачкува со растопениот маргарин и се додава дробеното сирење. Се витка ролат кој се сече на парчиња. Се редат во тавата почнувајќи од средината. Се остава да стаса. Се премачкува со изматено јајце , посипува со сусам и пече на 180-200 степени додека да се вцрви.

Тетовско ќае
Потребно е:

  • 1 кгр брашно; сол; шеќер
  • 2 филџани масло;
  • квасец;
  • 500 мл млака вода за прелив;
  • 4 јајца;
  • 250 сирење

Подготовка: Од сите состојки се замесува меко тесто кое се остава да стаса. Се размесува и се остава повторно да нарасне. Се кинат топчиња колку големина на орев и се редат во округла, подмачкана тепсија. Се оставаат да стасаат во тепсијата. Кога се стасани, се полеваат со смесата од јајцата и сирењето и се печат на 180 степени Ц. 

Tетовска кината топеница
Потребно е:

  • 1 кгр брашно,
  • пола литар вриена топла вода, сол и масло

Подготовка: Во длабок сад се става брашното и две лажици сол. Во помало тенџере се става водата и 3-4 лажици масло само да зоврие. Полека се истура зовриената вода во смесата со брашното, додека постојано се меша со дрвена лажица. Потоа, тестото се меси со раце, но се внимава бидејќи е топло. Кога е готово и мазно тестото се дели на 12-15 топчиња. Од секоја топка се прави кора во пречник од 20 см и се премачкува со масло. Така се постапува со сите кори, кои се редат една врз друга, но последната не се премачкува со малсо. Корите се притискаат со раце и се расукуваат со дрвена сукалка, а треба да бидат големи колку што е голема тепсијата. Пред да се стави тестото , тепсијата треба да се намачка со масло. Се пече во загреана фурна на 180-200 степени Ц. Печената топеница се превртува на крпа и се остава да се олади малку. Со раце се разделуваат корите/ јуфките и се кинат на мали парчиња кои се враќаат назад во тавата. Се служи со кисело млеко и бело сирење

Пита без сукање
Потребно е:

  • 4 јајца;
  • 250 мл. чаша масло;
  • 250 мл. јогурт;
  • 500 гр. брашно; 
  • спанаќ;
  • 1 лажица прашок за печиво; 
  • малку сол;
  • 250 грама сирење.

Подготовка: Се матат јајцата и маслото, се додаваат останатите состојки. Пред да се додаде спанаќот, се посолува и се гмечи убаво со рацете. Му се цеди водата што ќе ја пушти. Така исцеден се додава во смесата, добро се меша со дрвена лажица, се става во подмачкана и набрашнета тепсија и се пече на 200 степени. Се сече на долгнавести парчиња.

Селски зелник
Потребно е:

  • 1 кг брашно;
  • сол;
  • 400 мл сончогледово масло;
  • сода вода или кисела вода по потреба;
  • 250 гр. нишесте.
  • За филот: две зелени пиперки; коприви; 250 гр. сирење или урда; две јајца.

Подготовка: Се замесува тесто од брашното, 200 мл. масло; сол и сода вода. Се дели на неколку топчиња во зависност од тепсијата за печење. Секое топче се расукува, се премачкува со масло и се посипува со многу нишесте. Потоа се засекува кон средината, како сонце, од сите страни. Парчињата се преклопуваат едно врз друго и се оставаат во чинија, покриени со најлон, да отстојат во фрижидерот 3-4 часа. (Може да се
направат и порано, да се замрзнат и да се употребуваат друг ден ). Се пржат пиперките. Во нив се додаваат копривите, кои претходно се исечкани и попарени со врела вода. Се додава урдата или сирењето и јајцата, се става црн пипер и сол и со оваа смеса се филува зелникот. Се зема една топка од тестото, се расукува поголема од тепсијата, се става во тепсијата малку набрана и се филува. Од друга топка тесто, се прави кора и по истата постапка се става одозгора, врз филот. На краевите се прави витка. Зелникот се пече во претходно загреана фурна, на 180 степени. Се служи со кисело млеко. Овој зелник е повкусен следниот ден. 

Пирошки во топчиња

Потребни состојки:

За тестото:

  • 600-700 гр. брашно,
  • 200 мл. зовриена вода,
  • 4 лажици масло,
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер

За филот:

  • 4-5 домати,
  • 250 грама бело сирење,
  • 2 чешниња лук,
  • магдонос,
  • сол. 

Начин на спремање:

Прво се прави филот: се дробаат доматите ситно и се додаваат другите состојки. Добро се меша. Се замесува меко тесто. Во зовриената вода се додава сол, шеќер , масло и брашно. Убаво се меша за да се соедини смесата. Се остава да постои околу ½ час. Потоа тестото се дели на два дела. Се сука кора и врз неа, на секој 3 см, се става по една лажичка од филот. Врз првата кора со филот се става втората, расукана кора. Со чаша се вадат кругчиња околу филот и се пржат во врело масло.

Банички со праз

Потребни состојки

  • 1 чаша млеко,
  • 1 чаша јогурт,
  • 1 чаша масло,
  • 1 чаша вода,
  • 20 гр. квасец,
  • брашно по потреба
  • 2 лажички сол.
  • За филот: 2 страка праз и масло. 

Начин на спремање:

Се топлат водата и маслото и се ставаат во сад за месење. Се додаваат и другите состојки за тестото и се прави мазно тесто. Тестото се дели на 6 топчиња, кои се оставаат да постојат околу 15 минути. Од секое топче се сука кора. Секоја кора се дели на 4 дела, а секој дел, пак, се фаќа со ножот откај остриот агол, се набира кон почетокот на кората, се попрскува со масло и му се става фил, рамномерно. Потоа се преклопува кората и се превиткува на две или се врти во колпиде. Баничките се печат на 200 степени Целзиусови.

Пита готова за 15 минути

Потребни состојки

  •  500гр готови кори,
  • 1 китка блитва,
  • 500гр урда
  • малку сол,
  • црн пипер,
  • оригано,
  • лук,
  • масло за готвење

Начин на спремање:

Блитвата  се мие, се сечка на ситни парчиња и се пропржува. Се додаваат урдата, зачините и смесата се трга од оган. Се земаат по три кори, секоја се пропрскува со масло, се филува со филот и се витка како ролат. Се прават вкупно пет ролати, се редат на мрсна хартија во тава и се сечат на помали ролатчиња. Се печат во загреана фурна на 220 степени додека да заруменат.

Редена пита

Потребни состојки:  

  • 1 пакетче готови кори за пита,
  • 4 јајца,
  • сирење или изварка,
  • 1 чаша кисела вода,
  • 1 чаша млеко,
  • масло,
  • сол,
  • црн пипер

Начин на спремање: 

Се попрскува со масло тавата каде ќе се пече питата и се редат 5 кори една над друга. Врз нив се ренда бело сирење или се става изварка. Постапката се повторува додека се потрошат корите. Питата се сече на парчиња и се попрскува со масло , а  одозгора се прелива со претходно подготвената смеса со јајцата. Фил: Со вилушка убаво се матат јајцата на кои им се додава млеко и кисела вода,сол и црн пипер.Со ова се прелива целата пита и се остава да отстои преку ноќ или неколку часа , додека корите да ја впијат течноста. Пред да се пече се става сусам одозгора.Се пече додека се вцрвени.

Мали мазничиња

Потребни состојки:

  • 350-400 гр тенки кори,
  • сирење или изварка,
  • 400мл млако млеко,
  • 200мл масло,
  • 10 лажици брашно,
  • 1 прашок за печиво.

Начин на спремање:

Се зема една кора и се премачкува со смесата. Врз неа се нанесува од изварката и целата кора се витка како полжав и се реди на намачкана тава. Кога ќе се потрошат сите кори одозгора се премачкуваат со изматено јајце и се поросуваат со сусам. Се печат во претходно затоплена фурна додека да се вцрват.

Посна погача - Цвет

Потребни состојки:

  • 550 гр брашно,
  • 300мл вода,
  • 50 мл масло,
  • квасец,
  • сол,
  • шеќер,
  • пола лажичка прашок за печиво,
  • маргарин за премачкување или масло.

Начин на спремање:

Квасецот се замесува  со малку брашно, шеќер и млака вода и остава да стаса. Во поголем сад се става брашно, сол, прашак за печиво, се додава стасаниот квасец и се замесува меко тесто. Се остава тестото половина час да се стаса повторно, а потоа  се дели на четири еднакви делови. 
Се расукува првиот и се става на хартија за печење зошто така ќе биде полесно да се префрли подоцна погачата во тавата во која ќе се пече. Кората   се премачкува со претходно растопениот маргарин. Истата постапка се повторува и со преостанатите три дела , но последната кора не се премачкува. Со сукалка се расукува тестото да биде малку поголем во величина на тавата. Со остар нож се сече погачата кон средината на осум делови, но се оставаат по 2 см од работ неисечени. Низ средината на секој триаголник со остар нож се сече линија и секој врв од триаголникот се протнува два пати низ отворот. Вака се превртуваат сите осум траголници и погачата се префрла во тавата заедно со хартијата. Се остава да стаса. Погачата се премачкува со маслиново масло, се посолува со крупна сол и се става да се пече во заграна фурна.

Сечена пита - Сеченка

Потребни состојки:

  • 1кг брашно,
  • 500-600 гр сирење или урда,
  • 125 гр растопен маргарин,
  • квасец,
  • лажица шеќер,
  • 600 мл млака вода,
  • масло, сол.

Начин на спремање:

Квасецот стасува, измешан со млака вода, малку брашно и шеќер. Во поголем сад се става брашно, се додава квасецот и цела смесата убаво се размесува. Од ова тесто се вадат 10 еднакви типчиња. Од првото топче се сука мала кора, се мачка со стопениот маргарин и кората се става во подмачкана тава каде се пече питата. Врз кората се става од издробеното сирење. Од второто топче тесто, исто така, се сука кора, која се става врз сирењето во тавата и се прска со растопениот маграрин. И врз оваа кора се нанесува дробено сирење. Истата постапка се повторува додека не се потрошат сите топчиња тесто. Врз последната кора не се става сирење, туку целата пита се расплескува  додека не се пополни тавата, а потоа се премачкува со остатокот од маргаринот. Питата се сече на коцки и се пече во претходно загреана фурна околу 1 час, на 180 степени Целзиусови. Се служи со кисело млеко или јогурт.

Брз мазник

Потребни Состојки

  • 250 мл млеко,
  • малку шеќер и сол
  • малку сув или тазе квасец,
  • 2-3 лажици брашно,
  • 250мл масло,1
  • 1/2кгр. готови кори,
  • сирење, 
  • спанаќ

Начин на спремање:

Во млакото млеко се става шеќер, сол, квасец и брашно и се остава да стаса. Кога е готово, во него се става маслото и смесата убаво се меша. Се зема една од готовите кори се става на платнена крпа и се премачкува со смесата. Врз неа се става друга кора и исто така се премачкува од смесата. Потоа се нанесува фил, кој што е подготвен порано или може само сирење или сирење со спанаќ. Кората се витка со помош на крпата во долг ролат кој се става во подмачкана тава и тоа почнувајќи од средината и се витка како колпиде, во круг. Постапката се повторува со сите кори. Мазникот се премачкува со истата смеса одозгора се поросува со сусам и се пече на 180 степени Целзиусови. Се служи со кисело млеко или јогурт.

Бурек со месо
 
Потребни Состојки :

  • 400гр. кори за пита
  • Фил: 600гр. мелено месо
  • 2 главици кромид
  • малку лук, 
  • сол, 
  • бибер, 
  • масло и кисела вода

Начин на спремање:
Кромидот малку се пропржува заедно со месото и лукот и се остава настрана да се поолади. Се земаат по две кори и прскаат со масло и кисела вода па врз горната кора се става од филот. Кората се витка од едниот агол према спротивната па се реди во округол плех почнувајќи од средината. Кога ќе се исполни целиот плех питата одозгора се прска со остатокот од маслото и киселата вода и се пече во претходно загреана рерна.
 
Солени кифлички
 
Потребни Состојки:

  • 1 кгр. брашно
  • 3 жолчки
  • 2 јајца
  • 2 филџани (од црно кафе) масло
  • 2 лажичиња шеќер 
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 мл. млеко
  • квасец
  • 250 гр.маргарин

Начин на спремање:
Квасецот се меша со млако млеко и малку шеќер да надојде. Во поголем сад се става брашното и останатите продукти па се се меша заедно со надојдениот квасец. Откако убаво ќе се меси тестото се покрива и остава на топло место да стаса. Од тестото се размесува и од него се вадат 15-20 топчиња.Секое се расукува, премачкува со растопен маргарин и редат едно над друго. Од вака нареденото тесто се сука голема кора на која се сечат ленти. На секоја лента се засечуваат цик-цак линии од кои всушност се прават кифличките. Внатре во секоја кифличка се става фил од сирење и белка и се витка од пошироката страна спрема потесната. Готовите кифлички се редат во подмачкан плех и оставаат пак да надојдат. Рерната се загрева во меѓувреме и пред да се стават да се печат секоја кифличка се премачкува со жолчка и посипува со сусам.
 
Зелник
 
Посни пирошки
      
Потребни Состојки

  • 1 кгр. брашно
  • 250 мл. млака вода
  • 200 мл. сода вода
  • 1 лаж. сол, 1 лаж. шеќер,
  • 2 лаж. масло
  • сув квасец
  • Фил: ситно сечена зелка, малку запржена 
  • или расол (кисела зелка)

Начин на спремање:
Во брашното се прави вдлабнатина па се ставаат
наведените состојки и со млаката вода и содата вода се замесува тесто. Убаво се
меси и се остава да надојде. Кога е стасано од тестото се развлекува кора во дебелина од 1 см. и од неа се сечат долги ленти во ширина од 5-7 см. По должината на целата лента се става од филот и се преклопува тестото. Со притискање на краевите се составува тестото. Потоа од секоја лента се сече долго тесто, околу 10 см, се меси убаво со набрашнети раце, и се остава настрана. Кога така ќе се исече целото тесто, се оставаат пирошките околу половина час да надојдат уште еднаш. Се пржат во загреано масло.
 
Крофни од компири и салама
  
Потребни Состојки

  • 6 средно големи компири.
  • 1 кгр. брашно, 
  • квасец, 
  • 2 жолчки, 
  • сол, 
  • млеко

Начин на спремање:
За филот: шунка, павлака и маст Компирите се варат со лушпа, се лупат па се пасираат. Квасецот се замесува со малку млеко, шеќер и брашно и се остава да надојде. Кога квасецот е готов се замесува со брашното, пасираните компири, жолчките и сол. За да биде тестото меко се додава уште малку млеко при месењето. Тестото се остава да стаса па кога е готово се 
развлекува кора. На едната половина од тестото се става сецканата салама измешана со павлака, а со другата половина се покрива тестото. Малку се притиснува. Се сечат погачички, триаголници или четвртасти форми и се оставаат уште половина час да стасаат. Се пржат на загреано масло.
 
Пирошки од палачинки
      
Потребни Состојки

  • 300 гр.мелеко месо
  • 2 главици кромид
  • црн пипер, 
  • сол, 
  • јајце.

Начин на спремање:
За препелкaњe: малку брашно, јајце и презла. Приготвување: Се пржи ситно исечениот кромид, се додава меленото месо и се пржи добро. Се додава во месото, јајце и сол. На секоја палачинка се става по малку фил и се виткаат како пирошки. Секоја пирошка внимателно се прпелка во брашно, потоа во изматено јајце и презла и се пржат во загреано масло. 
 
Пирошки со компир
      
Потребни Состојки
150гр. варен компир
2 јајца
1/2 лаж. сол
50гр, маргарин, 
квасец
брашно по потреба

Начин на спремање:
Компирите се варат, се пасираат и се замесуваат со 2 жолчки, сол, 50 гр.маргарин, квасецот претходно стасан и брашното. Се замесува средно меко тесто со млако млеко и се остава да надојде. Потоа се расукува кора во дебелина од 1 см. и од неа се сечат правоаголници. Се филуваат со сирење измешано со јајце или претходно испржено мелено месо. Вака свиткани се потопуват во разматена белка, па во презли и се пржат во врело масло.
 
Соленки со компир
Потребни Состојки

  • 100 мл. млака вода,
  • 100 мл. млако млеко 
  • 1 лажиче шеќер и малку брашно 
  • 1 омекнат маргарин, 
  • 1 јајце, 
  • 1 жолчка, 
  • малку сол, 
  • 250 гр. варен пасиран компир 
  • 500 гр. брашно

Начин на спремање:
Квасецот се замесува со 100 мл. млака вода, 100 мл. млако млеко (може и само со млеко) на кое се додава 1 лажиче шеќер и малку брашно. Се остава настрана да надојде. 
Настрана во поголем сад се става 1 омекнат маргарин, 1 јајце, 1 жолчка, малку сол, 250 гр. варен и пасиран компир и 500 гр. брашно. Во оваа смеса се додава надојдениот квасец и сето убаво се меси. Откако се измесува, се става во фрижидер да остои 2 часа. Потоа се сука кора и со калапче или со чаша (по желба) се вадат погачки и редат во подмачкан плех. Може внатре да се стави и фил, месо претходно испржено или сирење измешано со јајца. Се оставаат да стасаат и пред да се стават да се печат се премачкуваат со изматена жолчка и одозгора се става сусам.
 
Погача  
Потребни Состојки

  • 750гр.брашно, 
  • 2 суви квасца
  • 1/2 литар млеко
  • лажичка сол, 
  • маргарин,
  • презла

Начин на спремање:
Се замесува тесто од брашното, млакото млеко, квасецот и солта.Се меси еластично тесто кое се дели на 4 дела. Од секој дел се прави долго тесо од околу 60 см. Потоа се сечат парчиња колку еден залак и секое парче се натопува во стопен маргарин. Залаците се редат во подмачкан плех. Од тестото треба да се наполнат два реда, еден врз друг. Во остатокот од маргаринот се пропржува презлата и се прелива врз погачата. Потоа се пече во претходно загреана рерна.
 
Ролат со спанаќ
Потребни Состојки
1 крг.спанаќ
6 лаж,брашно
2 чаши кисела павлака
300гр. салама, 
сол, бибер, 
4лаж.масло

Начин на спремање:
Спанаќот се вари во солена вода и се сецка ситно. Белките се одделуваат од жолчките. Жолчките се матат со маслото и се мешаат со спанаќот па сето се посолува и побиберува. Се додава брашно и цврст снег од белките. Смесата се изедначува и се става во подмачкан плех да се пече во загреана рерна на 200 степени. По 15 минути кората се вади , се витка во влажна крпа како ролат и се остава да се олади. Саламата ситно се дроби и се меша со една чаша павлака на кое се додава сол и бибер. Со овој прелив се премачкува кората и се витка ролат. Непосредно пред служење се премачкува и со втората чаша павлака и се украсува. Овој ролат може да се филува и со издробено бело сирење со павлака.
 
Македонска погача со пченкарно брашно
      
Потребни Состојки

  • 4 јајца
  • 2 филџани (од црно кафе) масло
  • 4 филџани кисела вода
  • 4 филџани брашно
  • 4 филџани пченкарно брашно
  • малку прашок за пециво
  • сирење по потреба 
  • малку маргарин и сол.

Начин на спремање:
Се матат јајцата и се додаваат маслото, киселата вода, солта, прашакот за пециво измешан со брашното (може да се користи и Селф раисинг флоур) и пченкарното брашно. Во смесата се става рендано сирење а може и сецкана салама.Се става во подмачкан плех, а одозгора се ставаат мали парчиња маргарин па се пече во загреана рерна.
 
Пита со тиква
Потребни Состојки

  • 400гр.тенки кори за пита
  • 500гр. тиква
  • 150гр.шеќер
  • 100гр. путер
  • малку цимет
  • ванилин шеќер за мирис
  • 1 лимон
  • слатка павлака или млеко

Начин на спремање:
Тиквата се ренда, се додава шеќерот, циметот, сок и кора од еден лимон. Плехот се према чкува со путер и во него се редат корите - секоја се пропрскува со растопен путер. Прво се става една третина од корите, па половина од преливот, повторно третина од корите, па втората половина од преливот и на крај пак остатокот од корите.
Последната кора се посипува со малку млеко или павлака и се пече. Испечената пита се посипува со шеќер во прав.

Посен зелник со пченкарно брашно
Потребни Состојки

  • 600 гр.пченкарно брашно
  • 500гр. зелје или спанаќ
  • 1 чаша масло,
  • сол,
  • 1 прашак за печиво

Начин на спремање:
Се замесува тесто од пченкарното брашно, прашакот за пециво, водата, солта и маслото. Половина од тестото се става во подмачкан плех и се израмнува да се добие правилна кора. Зелјето или спанаќот се сечи, се посолува потоa добрo ќе се исцеди, рамномерно се распределува врз кората. Над него се става остатокот од тестото. Се пече на умерено околу еден час.
 
Кравајчиња      
Потребни Состојки
1 кгр. брашно
1 квасец
1 лаж. сол
пола литар млака вода.

Начин на спремање:
Квасецот се растопува во млака вода со малкубрашно и се остава да стаса на топло место. Потоа се замесува тесто кое се остава да нарасне, па се премесува повторно и пак остава
да стаса. Потоа тестото се дели на 8 прилично еднакви делови во форма на топки. Плехот се подмачкува, топките малку со рака се сплескуваат и се редат во плехот една до друга но се внимава да не се залепени. Се печат неколку минути на 230 степени, потоа се намалува температурата, па се пече се додека кравајчињата не добијат убава боја.
Печените кравајчиња се попрскуваат со вода, се виткаат во чиста крпа и се оставаат малку да се оладат. Се служат топли со сирење или со месо на скара.

Гужвана пита со спанаќ      
Потребни Состојки

  • 500 гр. кори 
  • 500гр. спанаќ
  • 750гр.младо сирење
  • 5 јајца
  • 250гр. кисела павлака
  • масло, сол
  • 400 дл.млеко

Начин на спремање:
Спанаќот се ситни, се посолува, а па потоа се цеди и се става посебно во чинија. Во спанаќот се додава издробено сирење, јајца, павлака, малку масло, сол и млеко. Во плех , подмачкан со масло се става една кора која се надигнува малку на краевите на плехот. Една кора се остава настрана за одозгора, а останатите згужвани се потопуваат во преливот, се редат една покрај друга и одозгора се става последната кора која се премачкува со масло. Се става во рерна и се пече околу 60 минути. Печената пита се вади и остава да олади пред да се послужи.
 
Виткана пита со кисела вода и јогурт
      
Потребни Состојки

  • 500гр.готови тенки кори
  • 300гр.сирење
  • 1.25дл. масло
  • 1.25дл. кисела вода
  • 1.25дл.кисело млеко
  • 4 јајца

Начин на спремање:
Сирењето се дроби посебно. Јајцата одделно се матат и им се додава кисела вода и кисело млеко. Корите се делат на три дела па едниот дел се реди во плех подмачкан со масло. Врз него се става 150 гр.издробено сирење па врз него другиот дел од корите, повторно сирењето и конечно преостанатите кори. Така наредената пита се сече на коцки со остар нож. Одозгора, питата се посипува со загреано масло, се додаваат изматените јајца со киселата вода и киселото млеко. Питата се пече во добро загреана рерна. ( Во филот исто така може да се додаде и 250 гр. спанаќ или мелено месо испржено со една главица кромид).

Бурек со месо
 
Потребни Состојки :
400гр. кори за пита
Фил: 600гр. мелено месо
2 главици кромид
малку лук, 
сол, 
бибер, 
масло и кисела вода

Начин на спремање:
Кромидот малку се пропржува заедно со месото и лукот и се остава настрана да се поолади. Се земаат по две кори и прскаат со масло и кисела вода па врз горната кора се става од филот. Кората се витка од едниот агол према спротивната па се реди во округол плех почнувајќи од средината. Кога ќе се исполни целиот плех питата одозгора се прска со остатокот од маслото и киселата вода и се пече во претходно загреана рерна.
 
Солени кифлички
 
Потребни Состојки:
1 кгр. брашно
3 жолчки
2 јајца
2 филџани (од црно кафе) масло
2 лажичиња шеќер 
1 лажиче сол
1/2 мл. млеко
квасец
250 гр.маргарин

Начин на спремање:
Квасецот се меша со млако млеко и малку шеќер да надојде. Во поголем сад се става брашното и останатите продукти па се се меша заедно со надојдениот квасец. Откако убаво ќе се меси тестото се покрива и остава на топло место да стаса. Од тестото се размесува и од него се вадат 15-20 топчиња.Секое се расукува, премачкува со растопен маргарин и редат едно над друго. Од вака нареденото тесто се сука голема кора на која се сечат ленти. На секоја лента се засечуваат цик-цак линии од кои всушност се прават кифличките. Внатре во секоја кифличка се става фил од сирење и белка и се витка од пошироката страна спрема потесната. Готовите кифлички се редат во подмачкан плех и оставаат пак да надојдат. Рерната се загрева во меѓувреме и пред да се стават да се печат секоја кифличка се премачкува со жолчка и посипува со сусам.
 
Зелник
 
Потребни Состојки:
1 кгр. брашно
3 жолчки
2 јајца
2 филџани (од црно кафе) масло
2 лажичиња шеќер 
1 лажиче сол
1/2 мл. млеко
квасец
250 гр.маргарин
 
Начин на спремање: 
Квасецот се меша со млако млеко и малку шеќер да надојде. Во поголем сад се става брашното и останатите продукти па се се меша заедно со надојдениот квасец. Откако убаво ќе се меси тестото се покрива и остава на топло место да стаса. Од тестото се размесува и од него се вадат 15-20 топчиња.Секое се расукува, премачкува со растопен маргарин и редат едно над друго. Од вака нареденото тесто се сука голема кора на која се сечат ленти. На секоја лента се засечуваат цик-цак линии од кои всушност се прават кифличките. Внатре во секоја кифличка се става фил од сирење и белка и се витка од пошироката страна спрема потесната. Готовите кифлички се редат во подмачкан плех и оставаат пак да надојдат. Рерната се загрева во меѓувреме и пред да се стават да се печат секоја кифличка се премачкува со жолчка и посипува со сусам.

Посни пирошки
      
Потребни Состојки
1 кгр. брашно
250 мл. млака вода
200 мл. сода вода
1 лаж. сол, 1 лаж. шеќер,
2 лаж. масло
сув квасец
Фил: ситно сечена зелка, малку запржена 
или расол (кисела зелка)

Начин на спремање:
Во брашното се прави вдлабнатина па се ставаат
наведените состојки и со млаката вода и содата вода се замесува тесто. Убаво се
меси и се остава да надојде. Кога е стасано од тестото се развлекува кора во дебелина од 1 см. и од неа се сечат долги ленти во ширина од 5-7 см. По должината на целата лента се става од филот и се преклопува тестото. Со притискање на краевите се составува тестото. Потоа од секоја лента се сече долго тесто, околу 10 см, се меси убаво со набрашнети раце, и се остава настрана. Кога така ќе се исече целото тесто, се оставаат пирошките околу половина час да надојдат уште еднаш. Се пржат во загреано масло.
 
Крофни од компири и салама
  
Потребни Состојки
6 средно големи компири.
1 кгр. брашно, 
квасец, 
2 жолчки, 
сол, 
млеко

Начин на спремање:
За филот: шунка, павлака и маст Компирите се варат со лушпа, се лупат па се пасираат. Квасецот се замесува со малку млеко, шеќер и брашно и се остава да надојде. Кога квасецот е готов се замесува со брашното, пасираните компири, жолчките и сол. За да биде тестото меко се додава уште малку млеко при месењето. Тестото се остава да стаса па кога е готово се 
развлекува кора. На едната половина од тестото се става сецканата салама измешана со павлака, а со другата половина се покрива тестото. Малку се притиснува. Се сечат погачички, триаголници или четвртасти форми и се оставаат уште половина час да стасаат. Се пржат на загреано масло.
 
Пирошки од палачинки
      
Потребни Состојки
300 гр.мелеко месо
2 главици кромид
црн пипер, 
сол, 
јајце.

Начин на спремање:
За препелкaњe: малку брашно, јајце и презла. Приготвување: Се пржи ситно исечениот кромид, се додава меленото месо и се пржи добро. Се додава во месото, јајце и сол. На секоја палачинка се става по малку фил и се виткаат како пирошки. Секоја пирошка внимателно се прпелка во брашно, потоа во изматено јајце и презла и се пржат во загреано масло. 
 
Пирошки со компир
      
Потребни Состојки
150гр. варен компир
2 јајца
1/2 лаж. сол
50гр, маргарин, 
квасец
брашно по потреба

Начин на спремање:
Компирите се варат, се пасираат и се замесуваат со 2 жолчки, сол, 50 гр.маргарин, квасецот претходно стасан и брашното. Се замесува средно меко тесто со млако млеко и се остава да надојде. Потоа се расукува кора во дебелина од 1 см. и од неа се сечат правоаголници. Се филуваат со сирење измешано со јајце или претходно испржено мелено месо. Вака свиткани се потопуват во разматена белка, па во презли и се пржат во врело масло.
 
Крофни
      
Потребни Состојки
3 жолчки
1/2 л. млеко
1,5 лаж. ситен шеќер, 
малку сол, 1 лаж. рум, ванила, 
1 чаша шеќер во прав, 
15гр путер
брашно по потреба ( околу 750 гр.)
квасец, масло за пржење

Начин на спремање:
Квасецот се растопува во малку млако млеко, се додава 1 лажица шеќер и се остава на топло место да стаса. Жолчките се матат со путерот и постојано мешајќи се додава остатокот од шеќерот, квасецот, млекото, румот, брашното и малку сол. Тестото се остава на топло место додека двојно не нарасне (околу 1 час). Тестото се става на набрашнета даска и се расукува кора во дебелина од 1см. Со калап или чаша се вадат крофни и се редат на маса или друга рамна површина. Се одмараат уште половина час. Маслото се загрева . Крофните се спуштаат во врело масло така да горната страна на крофната да плива во маслото. Се пржат затворено и кога ќе поруменат од едната страна, се вртат на другата. Готовите крофни се посипуваат со шеќер во прав помешан со ванила.

Соленки со компир
Потребни Состојки
100 мл. млака вода,
100 мл. млако млеко 
1 лажиче шеќер и малку брашно 
1 омекнат маргарин, 
1 јајце, 
1 жолчка, 
малку сол, 
250 гр. варен 
пасиран компир и 500 гр. 
500 гр. брашно

Начин на спремање:
Квасецот се замесува со 100 мл. млака вода, 100 мл. млако млеко (може и само со млеко) на кое се додава 1 лажиче шеќер и малку брашно. Се остава настрана да надојде. 
Настрана во поголем сад се става 1 омекнат маргарин, 1 јајце, 1 жолчка, малку сол, 250 гр. варен и пасиран компир и 500 гр. брашно. Во оваа смеса се додава надојдениот квасец и сето убаво се меси. Откако се измесува, се става во фрижидер да остои 2 часа. Потоа се сука кора и со калапче или со чаша (по желба) се вадат погачки и редат во подмачкан плех. Може внатре да с