MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Јадења на скара
 
 

Ражничиња


Потребни Состојки:
600-700 гр.свинско месо (печеница)
250 гр. кромид
црн пипер, сол, масло

Начин на пoдгoтoвkа:
Месото се сече на тенки парчиња кои се набодуваат на дрвени или метални стапчиња. Ражничињата се посолуваат, побиберуваат, поливаат со масло и се оставаат неколку часа во фрижидер. По желба може да се посолат и со црвен пипер. Се печат на топла скара и се служат топли со исечкан кромид, ајвар, пиперки и домати. 
Ражничињата може да се приготвуваат и од телешко, овчо или од пилешко месо.
 

Свински кременадли во кошулка


 
Потребни Состојки:
8 свински кременадли
лути фиферонки
500 гр. свинска кошулка
200 гр. кромид
4 пиперки, сол
 
Начин на пoдгoтoвkа:

Месото од кременадлите се одвојува од коските и се сече на долгнавести парчиња. Месото се посолува и му се ставаат исецканите фиферончиња, па се виткаат во свинската кошулка. Се печат на вжештена скара. Кременадлите се сервираат со исечкан кромид и печени
кромпири и салата, а може и по желба со други додатоци.
  
 
Шарени стапчиња од месо


      
Потребни Состојки
300гр.свинска печеница
300гр.сланина пиперки, лути фиферонки, 
кромид, модри патлиџани 
300гр. говетска печеница     

Начин на пoдгoтoвkа:
Местото и зеленчукот се сечат на ситни парчиња, се посолуваат, побиберуваат, се прскаат со масло и се оставаат неколку часа во фрижидер. Потоа се набодуваат наизменично на метални или дрвени стапчиња и печат на топла скара. Се служат со свежа салата.
 


Печено прасе



Потребни Состојки
8-10 кгр. прасе (цицалче)
200 гр. маст
10 гр. масло
сол
1 пиво

Начин на пoдгoтoвkа:
Прасето се посолува одвнатре и се остава да лежи на грб околу еден час. Во стомачната празнина се става празно стаклено шише (Некој става цела векна леб) и се зашива отворот. ( Тоа се прави за да се зачува обликот на прасето при печењето).
Вака приготвеното прасе се набодува на металната шипка од скарата, се покрива и се пече на умерена температура. Температурата не смее да биде превисока зошто може да пукне кожичката.
Прасето се пече и постојано се мачка со масло и пожелба се полива со пиво. Откако ќе се испече се остава да се олади па потоа се сече на парчиња. Печеното прасе е одлично за јадење кога е сосема ладно.
 

Свински ребра на скара


      
Потребни Состојки
1кгр. свински ребра


Начин на пoдгoтoвkа:
Ребрата се мијат и чистат потоа се маринираат со масло, лук, сол, црн пипер, црвен пипер и малку пиво. Така измаринирани ребрата се виткаат во алуминиумска фолија и оставаат еден час во фрижидер. Се ставаат на топла скара и се печат по 10 минути од секоја страна. Се вади фолијата и се враќаат повторно на скарата да се допечат при што постојано се премачкуваат со остатокот од маринадата. Ребрата може да се печат и директно на скара при што се внимава постојано да се вртат и да се премачкуваат.
 

Пилешко месо со печурки на скара



Потребни Состојки
1 кгр. пилешко месо без коски
1/2 кгр. печурки
1 свежа зелена пиперка 
1 црвена пиперка
кромид 
сол, црн пипер
      
Начин на пoдгoтoвkа:
Месото се сечка на парчиња и му се додаваат исечканите пиперки, печурки и кромид. Се зачинува и му се додава масло. Вака приготвеното месо со зеленчукот се остава да отстои во фрижидер најмалку еден час.
Се пече на плочата од скарата и постојано се
превртува. Се служи со топол леб и свежа салата.
 


Шарпланинска плескавица



Потребни Состојки
1 кгр. мелено месо
2-3 главици кромид
сол, лук,
црн пипер
кашкавал

Начин на пoдгoтoвkа:
Месото се замесува, се зачинува и се остава да отстои во фрижидерот. Од него се прават топчиња, и се плескаат. Помеѓу две тенко исплескани плескавици, се става парче кашкавал. Потоа плескавиците се обликуваат наоколу и се оставаат повторно во фрижидер. Се печат при што се внимава да останат сочни. Се служат со исечкан млад кромид и лута буковска сол.
 

Пастрмка на скара



Потребни Состојки
4 парчиња пастрмка
младо зелено кромидче
лук, сол, 
црн пипер
еден лимон исечен на тркалца


Начин на пoдгoтoвkа:
Пастрмките се чисат, се мијат и се посолуваат. Зеленчукот се дроби и се става во утробата на секоја пастрмка. Вака подготвените пастрмки се ставаат секоја посебно на алуминиумска фолија претходно намачкана со масло на која одозгора се реди лимонот. Фолијата се затвара убаво од сите страни и се пече на скара.

 
Домашни колбаси на скара


      
Потребни Состојки
500 гр. младо свинско месо
400 гр.младо говедско месо
100 гр. овчо месо
сол, лук, мелен црн пипер
црвен пипер, 
лут црвен пипер
исчистени свински цревца

Начин на пoдгoтoвkа:
Свинското месо се меле на машина за месо со поголеми отвори, а младото говедско и овчо месо се мелат поситно. Месото се меша заедно, се посолува по вкус и се зачинува.
Смесата добро се измесува и со неа се полнат исчистените свински цревца. Така приготвените колбаси се печат на скара. Се служат топли, со исечкан кромид, ротквици и друг зеленчук

 
Плескавици


      
Потребни Состојки
2 кг.свинско месо 
1/2 кг. кромид
сол, црн пипер
лаж.кисела вода
лут црвен пипер по вкус

Начин на пoдгoтoвkа:
Месото ситно се меле
(може да се купи и готово мелено месо), се посолува,се посипува со црн пипер и многу добро се
измесува.Месото се става да отстои неколку часа во фрижидер. Пред да се пече во месото се додава исечканиот кромид, киселата вода и црвениот пипер. 
Смесата уште еднаш добро се изработува и од неа се прават плескавици. Додека се печат плескавиците се премачкуваат со масло, кога се готови треба да бидат сочни.Се послужуваат со кромид или младо сирење.
 

Мешана скара


      
Потребни Состојки
Свинско,
телешко и говетско месо без коски, пилешки гради,
телешки црн џигер, парче сланина

Начин на пoдгoтoвkа:
Месото се посолува со сол и црн бибер , се мачка со масло и се остава да отстои во фрижидерот.Потоа се пече на скара и додека се пече се мачка со масло.Ова печено месо се служи со исечкан кромид или со свеж млад кромид.
 

Кебапчиња на скара


      
Потребни Состојки
1кг. говедско месо од врат
500 гр.овчо месо од врат
или посно свинско месо
црн пипер, сол,
50 мл. вода, 2 чешниња лук

Начин на пoдгoтoвkа:
Месото се чисти од жиличките, се сече на парчиња, се посолува и се остава да постои неколку часа. Потоа ситно се меле, се посолува со црн пипер, се додава лукот исечен и помешан со вода.Добро се измесува и се остава 2 часа да отстои на студено. Потоа смесата уште еднаш се измесува добро и од неа се прават како прст дебели ќебапчиња. ќебапчињата се редат во посебен сад и се оставаат уште еден час да стојат во фрижидер. Се печат на скара и се внимава да останат сочни. Со ќебапчињата се служи кромид, свежи пиперки, домати или свежо сирење.
За да се направат добри ќебапчиња месото не треба да биде мрсно и треба да биде добро отстоено. Сите зачини се додаваат на месото пред да се меле. Од истото месо може да се обликуваат и плескавици, ќофтиња и други јадења.

 
Ќофтенца на скара


      
Потребни Состојки
1кгр.мелено месо.
180 гр. сува месеста сланина
120 гр. иситнет кашкавал
3 чешниња лук
1 лажиче мелен црн пипер
по вкус мелен црвен лут пипер

Начин на пoдгoтoвkа:
Месото добро се измесува и се додаваат сите наведени состојки добро иситнети. Месото добро се изработува и од него сеправат мали ќофтенца во големина на орев. Се печат на топла скара и служат топли.