MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Симбол на верата
 
 

1. Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на се видливо и невидливо.
     
2.И во Единиот господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови: Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сеж станало.
      
3.Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек.
      
4.И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен.
      
5.И воскресна во третиот ден, според Писмото.
      
6.И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот.
      
7.И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство не ќе има крај.
      
8.И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, Кој исходи од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците.
      
9.Во едната, света, соборна и апостолска Црква.
      
10.Исповедувам едно крштение, за простување на гревовите.
      
11.Го чекам воскресението на мртвите.
      
12.И животот во идниот век. А М И Н!