MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page »
 
Знаме и химна
 
 

Знамето на Македонија 

Знамето на Македонија е златно сонце на црвена основа. Црвената и златната боја се карактеристични бои на Македонската држава 



Химната на Македонија
Химната беше компонирана и креирана уште во 1944 или ,43 од еден Струшки поет. Беше адаптирана како химна на Македонија уште после втората светска војна. Подоцна песната беше избрана да биде химна на новоформираната независнна Македонската држава 

Денес Над Македонија

Денес над Македонија се раѓа
ново сонце на слободата
Македонците се борат
за своите правдини!
Македонците се борат
за своите правдини!

Одново сега знамето се вее
на Крушевската Република
Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански!
Гоце Делчев, Питу Гули
Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат
нови песни, нови весници
Македонија слободна
слободна живее!
Македонија слободна
слободна живее!